Рецепт за палачинки без брашно. Кој не сака палачинки за појадок? Тие се меки, вкусни и заситни. Но, што ако можете да уживате во палачинки без да користите брашно?

Без разлика дали барате опција без глутен или само сакате да пробате нешто ново, овие палачинки без брашно сигурно ќе станат омилени во вашето мени. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г несолена урда
25 г кокосово брашно
1 јајце
1/3 лажичка сода бикарбона

За сос од бобинки:

2 чаши замрзнати бобинки
1 лажица сок од лимон
Засладувач по вкус (како 1 лажица стевиа)

Информации за калориската вредност на овие палачинки (на 100 грама):

Калории: 164,25 kcal
Протеини: 16,15 г
Масти: 7,54 г
Јаглехидрати: 7,73 г

ПОСТАПКА:

Подготовка на сос од бобинки: во тенџере измешајте 2 чаши замрзнати бобинки, 1 лажица сок од лимон и засладувач по вкус.

Смесата се вари на средна топлина додека да почне да се згуснува, повремено мешајќи. Откако ќе се згусне, тргнете го од оган и оставете го настрана да се излади.

Подготовка за тесто за палачинки: во сад измешајте 150 г урда, 1 јајце и прстофат сол додека убаво да се соедини.

Во смесата додајте 25 г кокосово брашно и веднаш додајте 1/3 лажичка сода бикарбона. Мешајте додека тестото да стане густо и добро соединето.

Упатство за готвење:

Загрејте нелеплива тава на тивок оган. Доколку е потребно, намачкајте ја тавата во тенок слој со масло или спреј за готвење. Со влажни или намастени раце (или со најлоснки ракавици) обликувајте ги палачинките, користејќи околу 2 лажици за секоја палачинка.

Гответе ги палачинките 2-3 минути од секоја страна или додека да поруменат. Готовите палачинки послужете ги со приготвениот сос од бобинки.

Придобивки од палачинки без брашно

Овие палачинки без брашно нудат неколку предности:

Без глутен: совршено за оние со чувствителност на глутен или целијачна болест.

Високо протеински: урдата обезбедува добар извор на протеини за да ви помогне да бидете сити и задоволни.

Ниски-јаглехидрати: со кокосово брашно како замена, овие палачинки содржат помалку јаглени хидрати во споредба со традиционалните палачинки.

Вкусни: и покрај тоа што се без брашно, овие палачинки се меки и многу вкусни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.