Во 2015 година овој рецепт на Александра за нејмеките ванилици – беше прогласен за најдобриот празничен рецепт од страна на Познатиот сајт за храна Food52.
Вреди да си го запишете и да го имате секојпат кога ќе помислите да ги правите овие вкусни страински колачи. Во продолжение можете да ја прочитате и посната верзија од рецептот.
Потребни состојки за 60 ванилици: 200 г шеќер во прав, 1 мешунка ванила исечена на парчиња, 300 г маст, 250 г шеќер кристал, 1 јајце, 2 жолчки, 1 лимон – сок, 1 лажичка ситно рендана кора од лимон, 250 г мелени ореви, 600 г брашно и џем од кајсии или шипки за спојување на ванилиците
Постапка: неколку дена пред да ги правите колачињата, помешајте го шеќерот во прав со исечената мешунка од ванила и затворете го во лимена кутија со капак. На тој начин ќе добиете ванилин шеќер.
Во еден сад изматете ја маста со кристалниот шеќер (обичен шеќер) додека да добиете крем. Додека матите додајте јајце, жолчки, лимонов сок и лимонова кора.
Додајте мелени ореви и брашно, па матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и ставете го на ладење во фрижидер најмалку три часа или најдобро преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 160 степени доколку има вентилатор, а ако печете во обична рерна тогаш на 180 степени.
Ставете го тестото на добро набрашнета површина и развлечете кора со дебелина од околу половина центиметар. Обложете два плеха со хартија за печење и со помош на мала модла вадете ванилици и редете ги на одредено растојание. Печете ги околу 12 минути, така да останат бели.
Оставете ги да изладат во тепсијата околу 5 минути. Потоа префрлете ги на решетка или рамна површина додека целосно да изладат. Кога целосно ќе бидат изладени, секој колач намачкајте го со џем и поклопете го со друг колач.
Секој добиен сендвич добро извалкајте го во ванилин шеќер. Ванилиците редете ги во лимена кутија и почекајте 1-2 дена пред сервирање. Следниот рецепт е за посна верзија на ванилици:
Рецепт и видео презентација на „Мое Катче” – Колачиња кои се топат во уста. Овие ванилици се посни, но секако, можете да ги приготвите и во масна варијанта доколку користите путер или маст. Овие колачи се печат во загреана рерна на 180 степени, само 12 минути. Треба да останат со светла боја.
Потребни состојки: 250 г маргарин омекнат на собна температура (кој сака може да употреби путер или маст), 100 г шеќер во прав, рендана кора од лимон, исцеден сок од половина лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени ореви, 400 г брашно тип 400 или некое друго брашно по ваш избор.
Уште ќе ви биде потребно џем по ваша желба за лепење на колачињата и шеќер во прав за валкање на ванилиците. Доколку сакате во шеќерот во прав додадете и неколку кесички ванилин шеќер.
Постапка: Омекнатиот маргарин на собна температура, изгмечете го со помош на виљушка. Додајте шеќер во прав и ванилин шеќер и продолжете со матење. Маргаринот можете да го изработите со виљушка или со миксер, како ви е полесно.
Изрендајте и додајте малку кора од лимон и исцеден сок од половина лимон. Уште еднаш добро промешајте за да се соедини лимоновиот сок. Потоа додајте мелени ореви, повторно промешајте за убаво да се соедини. Постепено во смесата додавајте меко брашно и месете со рака.
Брашно додавајте сè додека тестото е меко. Убаво изработете го со рака. Се меси додека да почне да се одвојува од ѕидовите на ѕидот и да не се лепи за раце, а сепак да е меко и лесно да се обликува.
Вака добиеното тесто развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со 0,5 см дебелина, па со помош на ракиена чашка, капаче или модли со разни форми вадете ги колачињата. Формите вадете ги и редете ги во плех обложен со хартија, а остатокот од тестото повторно соберете го и формирајте го топка.
Потоа развлечете го во кора и повторно вадете форми. Постапката повторувајте ја додека да го потрошите целото тесто. Ванилиците ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Проверувајте ги и внимавајте да ја задржат светлата боја.
Печените колачи оставете ги малку да подизладат, па спојувајте ги две по две: намачкајте едно колаче со џем па поклопете го со друго колаче и така ќе добиете сендвич. Вака лепените колачиња валкајте ги во шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.