Проверен и испробан рецепт!
За сите читатели на НМД го објавуваме овој рецепт кој ни го испрати наш редовен читател. Како што тој вели: Ова е многу добар лек кој го користеле и сè уште го користат монасите од Тибет.
Капките имаат имуностимулаторно дејство, вршат детоксикација и го прочистуваат органзимот од токсини и слободни радикали. Делуваат витализирачки и регенеративно.
Потребни состојки:
500 органски лук од македонско производство
350 мл медицински алкохол 90%
Постапка:
Лукот се чисти и сечка, па се толчи во дрвен сад. Потоа се става во тегла во која се додава алкохолот.
Теглата добро се затвора и се остава 10 дена, но секојдневно барем еднаш треба да се промеша со дрвена лажица.
По десеттиот ден се пие на следниот начин:
1 ден: 3 х 1 капка
2 ден: 3 х 2 капки
Се продолжува по истиот растечки редослед додека да се дојде до 25 капки. Потоа се брои обратно, и секој ден се намалува по една капка. Па така на пример:
25 ден: 3 х 25 капки
26 ден: 3 х 24 капки
Вака се продолжува додека да се дојде повторно до една капка, односно 3 х 1 капка.
Потоа, течноста што ќе остане се пие 3 х 25 капки додека да се потроши.
Начин на употреба: капките се ставаат во чаша со вода и течноста се пие.
Напомена: кај здрави луѓе постапката за чистење на организмот со овој лек се спроведува еднаш годишно, за да се спречи зависност од алкохол.
Но, кај болни луѓе може да се пие секој ден. Резултатите се видливи.