РЕФОРМ ОБЛАНДИ… Ова се најдобрите ситни колачи за секакви прослави, а количински излегуваат многу…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 листови обланда 27х37 см
6 белки
200 г шеќер
200 г мелени ореви
За фил:
6 жолчки
150 г шеќер
5 лажици силно, варено кафе
100 г чоколадо за готвење
200 г путер на собна температура
мелени ореви за декорација
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Додајте мелени ореви и полека промешајте рачно за да се сочува пенливоста.
2.Смесата поделете ја, па со секоја половина премачкјате ги листовите обланда (преку рапавата страна). Обландите печете ги по 10 минути во загреана рерна на 180 степени (врз обратната страна на плехот, врз хартија за печење).
3.Кога сосем малку ќе станат жолтеникави, обландите се готови. Оставете ги да се оладат. Во текот на ладењето ќе станат нерамни, но подоцна ќе се исправат.
4.За фил: со жица соединете ги жолчките и шеќерот, па ставете на водена пареа и гответе ги 20-25 минути со непрекинато мешање додека да згуснат.
5.Потоа додајте ситно исечкано чоколадо и силно сварено кафе, па сето заедно соединете го. Сварениот фил тргнете го настрана и оставете да се олади на собна температура.
6.Путерот пенасто изматете го со миксер, па постепено додавајте го оладениот чоколаден крем и матете додека целосно да се соединат во фин крем.
7.Добиениот крем поделете го на 4 еднакви делови, а печените и оладените обланди секоја на половина, да добиете 4 кори.
8.ФИЛУВАЊЕ: кора, крем….корите малку се извиткани, но подоцна од филот ќе омекнат и ќе се испаравт. Последната четвртина крем оставете ја во фрижидер за подоцна. Последната кора оптеретете ја со нешто течко за да се израмни обландата.
9.Следниот ден филувајте ја обландата со преостанатиот крем и одозгора посипете мелени ореви. Сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.