Рецептот што сите го бараа..Најдобриот здрав и сочен колач…Посен, без шеќер и без глутен…а, од вкусен, повкусен…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 јаболка (средни)
2 зрели банани
200 г овесни снегулки
150 г бадеми
2 лажици какао во прав
1 грст суво грозје
1 лажичка прашок за пеиво
1 лажица мед (или 30 г сируп од урми)
рендана кора од лимон и портокал
1-2 лажички цимет
малку сок од лимон и портокал (половина лимон и портокал)
30 мл маслиново масло
За прелив:
сок од половина портокал и лимон
3-4 лажици мармалад од цреши/кајсии/портокал
*рум (по желба, јас не ставив)
60 г темно чоколадо (85%) и сечкани бадеми
ПОСТАПКА:
1.Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Изгмечете 2 зрели банани и измешајте ги со јаболката.
2.Сомелете ги овесните снегулки, заедно со какаото и бадемите во процесор за храна до текстура на брашно. Добиената смеса соединете ја со јаболката и бананите.
3.Додајте ги преостанатите состојки во смесата (суво грозје, прашок за пециво, сируп од мед/урми, ситно рендана кора од лимон и портокал, цимет, сок од лимон и портокал и маслиново масло).
4.Сè убаво измешајте и рамномерно распоредете во калап со дијаметар 25 см или приближно, обложен со хартија за печење.
5.Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени 35-40 минути. Кога ќе се испече избоцкајте го со виљушка и веднаш ставете го преливот.
6.Исцедете ги сокот од портокал и лимон. Во сокот додајте го мармаладот (ако сакате и румот) и измешајте. Намачкајте го колачот со подебел слој.
7.Потоа растопете 60 г црна чоколада, прелијте и премачкајте. Посипете со сечкани бадеми. Оставете го колачот да се излади на собна температура.
8.Потоа послужете или ставете го во фрижидер да се излади и послужете кога ќе се излади. Уживајте во овој сочен десерт. Постапката погледнете ја ОВДЕ.