Рецепт за здрави колачиња…Ги јадам три пати на ден…Крцкави и многу вкусни, одлични за сите што сакаат здраво да се хранат…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
80 грама сечкани суви кајсии (претходно 15 мин отстојани во вода)
50 грама грубо сечкани ореви
100 грама мелени икирики
30 грама семки од тиква
30 грама семки од сончоглед
10 грама семе од сусам
50 грама мелени или исечкани бадеми
100 грама сечкани суви цреши или брусница
50 грама сечкани разновисни суви плодови
1 белка од големо јајце
10 грама мед
ПОСТАПКА:
1. Прво, загрејте ја рерната на 180°C (356°F). Обложете го плехот со хартија за печење.
2. Во подлабок сад измешајте ги сечканите суви кајсии, ореви, кикирики, семки од тиква, сончоглед, сусам, бадеми, суви цреши и други плодови.
3. Додајте ги белката и медот, па повторно промешајте за сето добро да се соедини.
4.Со помош на модла натапкувајте ја смесата за да обликувате правилни тркалезни колачи, или правете облици по ваш избор.
5.Печете ги колачите во загреана рерна на 180 степени, 12-15 минути. оставете да се оладат препо послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.