Рецепт за РАВАНИЈА како по учебник….Чекор по чекор до совршен десерт…Раванија без гриз…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 белки
6 жолчки
200 г шеќер
150 г брашно, претходно просеано
1 ампула течна ванила (по вкус)
За сирупот:
400 г шеќер
1 литар вода
парче лимон
За посипување:
кокосови снегулки
ПОСТАПКА:
Истурете ја водата во тенџере, додајте го шеќерот и парчето лимон. Вклучете го шпоретот и мешајте додека шеќерот да се раствори и почекајте сирупот да зоврие.
Откако сирупот ќе зоврие, намалете ја топлината на средно и оставете го сирупот да врие 10 минути.
Исклучете го огнот, додајте ја ванилата и промешајте. Оставете го сирупот настрана да се излади и ставете го во фрижидер да се излади.
Изматете ги белките додека да добиете цврст снег. Во жолчките додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се добие бела сјајна смеса.
Постепено додавајте го брашното, мешајќи со шпатула. Постепено почнувајте да ги додавате изматените белки, нежно мешајќи додека да се добие мазна, воздушна смеса.
Основата истурете ја во претходно намачкана и набрашнета тава со пречник од 34 х 22 см. Внимателно израмнете со шпатулата. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.
Потоа оставете ја вратата на рерната отворена и оставете го бисквитот внатре постепено да се олади.
Прелијте го ладниот сируп врз топлиот колач. Потоа, оставете го во фрижидер најмалку 2 часа. Одозгора посипете кокос и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: