Рецепт за НОВОГОДИШНА ТОРТА кој сите го бараат…Ова е вистински хит…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
За тесто:
2 јајца
2 лажички ванилин шеќер
4 лажици шеќер
2 чаши брашно
1 прстофат сол
2 лажички прашок за печиво
рендана кора од лимон
1/2 чаша путер (100 г)
За фил:
1 жолчка
2 чаши млеко
3 лажици шеќер
3 лажици скроб/нишесте/густин
1 лажица ванилин шеќер
И уште:
1 чаша рикота/крем сирење
2-3 праски од компот, ситно сечкани
1 чаша слатка павлака
За декорација:
1/2 чаша бадеми во листови
шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Со жица изматете ги двете јајца со шеќер и ванила. Во посебен сад просејте го брашното заедно со прстофат сол и прашок за печиво и изрендајте го путерот во него. Со прсти соединете ги додека да добиете смеса како трошки.
Додајте ги јајцата и замесете компактно тесто кое лесно се обликува. Откинете парче колку тениско топче, сплескајте го и завиткајте го во најлонска фолија, па оставете го во фрижидер или замрзнувач.
Остатокот од тестото распоредете го на дното од калап 22 см обложен со хартија. Тестото подигнете го 4-5 см н ѕидовите од обрачот. Ова најлесно се прави ако откинувате парче по парче и го налепувате во калапот.
Во тенџере сипете ги сите потребни состојки за филот и соединете ги да нема грутчиња. Сварете го кремот на ниска температура додека да згусне со непрекинато мешање. Во топлиот крем додајте го крем сирењето и соединете, а потоа и праските.
На крај додајте ја слатката павлака и промешајте со шпатула. Целата смеса сипете ја во калапот, а со прстите подбутнете го тестото од рабовите за да биде насекаде со иста висина. Одозгора изрендајте го замрзнатото тесто.
Посипете бадеми во листови и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете целосно да се олади, па посипете ја со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/p5yWa_BaCVY?si=nA2MBdjEIIwe6Vw3