Лесен и вкусен италијански леб без месење
Овој рецепт за италијански леб е совршен избор за секој што сака да подготви домашен леб со автентичен вкус, без комплицирани постапки и долго месење.
Со само неколку состојки и едноставни чекори, ќе добиете леб со крцкава кора и мека, воздушна средина, идеален за уживање со семејството и пријателите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 500 г пченично брашно (тип 650)
– 7 г сув квасец
– 400 мл вода
– 9 г сол
– НМД
Постапка:
1. Во голем сад измешајте го брашното со сувиот квасец. Мешањето со жица за матење помага брашното да се проветри, слично на просејување.
2. Додајте ја водата и солта во садот со брашното и квасецот. Мешајте со шпатула додека не остане суво брашно. Не е потребно долго мешање, само додека смесата се соедини.
Ако остане малку брашно на дното на садот, попрскајте го со малку вода за полесно да се соедини.
3. Покријте го тестото и оставете го да отстои на собна температура 30 минути.
4. Навлажнете ги рацете со вода (не користете масло) и преклопете го тестото од надворешните кон внатрешните страни. Ова преклопување е различно од месење и помага да се добие воздушна структура.
5. Повторно покријте го тестото и оставете го да отстои на собна температура додека да го удвои волуменот. Тестото треба да биде меко и еластично.

6. Посипете малку брашно на површината на тестото, па истресете го на набрашнета површина. Нежно развлечете го во правоаголна форма, внимавајќи да не го притискате премногу за да остане со иста дебелина.
7. Преклопете го тестото според следниов метод: преклопете ги краевите кон средината, а потоа свиткајте го тестото за да добиете компактна правоаголна форма.
Овој начин на преклопување придонесува за повоздушеста текстура на лебот.
8. Поделете го тестото на два еднакви дела и оформете ги во посакуваната форма, спојувајќи ги краевите (доволно е само еднаш да го преклопите).
9. Покријте ги оформените теста и оставете ги да отстојат 30-40 минути.
10. Загрејте ја рерната на 220 °C. Печете ги лебовите 15-17 минути, додека да добијат златнокафеава и крцкава кора.
11. Откако ќе се испечат, оставете ги лебовите малку да се изладат пред да ги послужите.
Овој италијански леб е вистинско уживање со својата крцкава кора и мека, воздушна средина.
Послужете го со омилените прилози и уживајте во автентичниот вкус на домашно подготвен леб. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































