РЕЦЕПТ СО 3 КОМПИРИ…Сите соседи ќе ви бараат рецепт…Многу вкусно и лесно, а може да биде и посно…За посна варијанта наместо путер користете маргарин, млекото заменете го со газирана вода или растително млеко…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
65 мл топла/млака вода
70 мл топло/млако млеко
4 г сув квасец
20 г шеќер
4 г сол
200 г брашно
30 г мек путер/маргарин

За фил:
2-3 компири (варени)
1 лажица путер
1 лажица мајонез (опционо)
1 лажица шеќер
сол и црн пипер по вкус

И уште:
кашкавал и шунка
или динстани печурки и праз за посна варијанта

За премачкување:
2 жолчки + 1 лажица вода
или посен мајонез за посна варијанта

ПОСТАПКА:

1.За тесто: во подлабок сад помешајте топло млеко, вода, шеќер и квасец, па подоајте го брашното и солта и сето соединете го со шпатула. Додајте го омекнатиот путер и малку домесете го тестото со рака. Покријте го и оставете го да ферментира на топло место 30 минути.

2.По изминатото време треба да се домеси тестото на работна површина со растегнување и влечење, како и „удирање“ неколку пати од високо за да добие еластичност. Повторно покријте го и оставете го да ферментира 1 час.

3.За фил: сварете ги компирите и испасирајте ги, па додајте ги сите зачини и путерот/мајонезот, промешајте и оставете да се олади.

4.Стасаното тесто кога убаво ќе го зголеми волуменот истресете го на малку набрашнета површина и нежно премесете го. Повторно покријте го со кеса/фолија и оставете да одмори врз работната површина уште 15 минути.

5.Овојпат не го премесувате, туку со дланките и прстите притиснете го и развлечете го во правоаголна кора, а потоа продолжете со оклагија и развлечете го во тенка кора.

6.Распоредете го компир-пирето врз кората.

7.Врз пирето наредете една третина кашкавал и две третини шунка, а за посна варијанта распоредете динстани печурки или праз. Внимателно свиткајте во ролат.

8.Ролатот исечете го на парчиња со широчина приближно 2 прсти (мојот ролат беше долг 40 см и добив 10 парчиња).

9.Парчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење. Малку сплескајте ги со рака. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 30-40 минути.

10.Премачкјате ги со жолчки и одозгора малку мајонез (за посна варијанта само посен мајонез) и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=3_D0pbDxEKU