Потребни состојки: 2 јајца, 300 мл млеко, 100 мл масло, 20 г квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 500 г брашно +-. И уште: по потреба меко сирење или кисела павлака 1 јајце, малку сол, малку млеко и 100 мл масло
Постапка: Квасецот и шеќерот растопете ги во млако млеко. Јајцата изматете ги, додадете сол масло, надојден квасец и добро измесете. Постепено додавајте брашно и млеко.
Замесете го тестото кое не смее да биде тврдо, а ни премногу ретко. Тестото оставете го да надојде, па премесете го 2-3 пати. Во сирењето или киселата павлака ставете едно јајце, сол и малку млеко, за да се направи кашеста смеса. Во друг сад ставете 100 мл масло.
Лажицата натопете ја во масло, па земете тесто, така да се направи топче како за мекици, па извалкајте го во смесата од сирење и редете во плех претходно намастен. Повотрувајте додека да се потроши целото тесто. Оставете да надојде во плехот.
Печете на умерена температура. Може да се остави малку од смесата со сирење, па пред крајот од печењето да се премачка одозгора и да се потпече.