Фото и рецепт: Нада Савиќ

Потребни состојки:

400 г ситно сирење или урда
250 мл јогурт
200 г крем сирење
100 мл масло
4 јајца
2 лажици пченкарно брашно
5 лажици брашно
1 прашок за печиво

Постапка:

Ситно издробеното сирење ставете го во подлабок сад, додадете 250 мл јогурт, 200 г крем сирење, па добро измешајте со жица за да се соединат состојките.

Во оваа смеса додадете 100 мл масло. Промешајте уште еднаш, па додадете 4 јајца. Матете со жицата додека да се соединат јајцата во претходната смеса.

Потоа додадете 2 лажици пченкарно брашно, 5 лажици бело брашно и еден прашок за печиво. Промешајте ја убаво смесата да се изедначи и да биде мазна.

Вака приготвената смеса излејте ја во претходно загреана тепсија. Печете 40 минути на 200 степени. Печената пита одозгора премачкајте ја со кајмак или павлака и почекајте да се растопи и впие. Послужете ја топла со чаша јогурт.

Целата постапка од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото: