Рано пиле, рано пее…Вински локумки од стариот тефтер…Посни празнични кифлички…Еве што ви е потребно според рецептот на Соња Андреева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша бело вино
250 г путер или маргарин /мек на собна температура
1/2 чаша масло
2 кесички ванилин шеќер
5 чаши брашно
2 кутии локум или по потреба
Во тестото нема шеќер бидејќи по печењето се посипуваат со шеќер во прав и во нив има парче локум. Ако додадете шеќер во тестото, ќе бидат преслатки.
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете меко, компактно тесто кое не се лепи на рака. Оставете го завиткано да одмори во фрижидер околу 30 минути, па поделете го на 4 топчиња.
Секое развлечете го на набрашнета површина во тенка, тркалезна кора. Исечете триаголници, а на секој триаголник од пошироката страна ставете парче локум и свиткајте кифличка.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека малку да заруменат, не премногу. Додека се топли убаво извалајте ги во шеќер во прав.
Посни пиварки…Од 1 смеса добибам 64 вкусни кифлички со ореви…