Постои кинески метод за исфрлање на камења од жолчката низ дебелото црево која стана многу популарна во Азија е се верува дека спречува појава на канцер.

Кај Кинезите е многу популарен народниот лек кој им помогнал на многумина да го исфрлат каменот од жолчка на полесен и помалку опасен начин.

Кинескиот лекар д-р Лаи Чиу Нан препорачува потполно природен метод за отстранување на камен во жолчка. Ваквите камења според него се многу опасни: освен што предизвикуваат болка, тие доведуваат и до жолтица, па дури и до рак.

Истражувањата покажале дека луѓето кои добиваат рак, главно имале и камен во жолчката претходно. “Ракот не е никогаш прва болест која се јавув”, вели д-р Лаи, наведувајќи дека обично има многу други проблеми кои доведуваат до рак. Според неговото истражување, обично луѓето кои заболуваат од рак, претходно имале камен во жолчката.

Еден од симптомите за камен во жолчката е чувство на ситост веднаш после оброкот или на самиот почеток од јадењето. Имате чувство како да не можете да ја сварите храната. Доколку состојбата стане посериозна, се јавува и болка. Доколку мислите дека имате камен во жолчка, најдобро е да се обратите на лекар.

Овој стар кинески метод за исфрлање на камења од жолчно кесе, исто така, е добар и за јакнење на црниот дроб.

КАКО ДА СЕ ИСФРЛИ КАМЕНОТ ОД ЖОЛЧКА ПРЕКУ СТОЛИЦА

1.Првите пет дена секое утро пијте по 4 чаши свежо исцеден сок од јаболка или барем изедете 4-5 јаболка. Сокот од јаболка го омекнува каменот во жолчка. Тие пет дена можете нормално да јадете во текот на денот.

2.Шестиот ден не смеете да вечерате.

3.Тој ден во 18 часот земете лажичка епсомова сол (магнезиум сулфат, се купува од аптека) со чаша вода.

4.Во 20 часот повторете ја постапката. Магнезиум сулфатот ја отвора жолчната кеса.

5.Во 22 часот испијте 5-6 лажици маслиново или сусамово масло, со исто толку свежо исцеден сок од лимон.

6.Добро промешајте и испијте. Маслото ќе ги подмачка камењата и ќе го олесни нивното исфрлање.

Следното утро, во вашата столица би требало да најдете зелени камења кои обично лебдат во водата. Дури и ако немате симптоми за камен во жолчката, докторот го препорачува овој метод, бидејќи чистењето на жолчната кеса не може да наштети.