Списокот на полезните дејства кои ги поседува оваа лековита билка навистина е долг.
Ракијата со кантарион лекува депресија, проблеми со дигестија и варење на храната, пореметувања со цревата, колики, болки во стомак, неконтролирано мокрење, слуз во белите дробови…
Во 2 литри домашна лозова или комова ракија додајте 30 грама сув и исечкан цвет од кантарион (Hypericum perforatum) и оставете на топло место или на сонце 15 дена.
Секој ден протресувајте го шишето.
Зимно време ако го приготвувате лекот чувајте ја ракијата на топло и светло место.
После 15 дена процедете и складирајте во стаклено шише.
Кантарионот е познат како лековита билка за лекување на депресија, проблеми со дигестијата, неконтролирано мокрење, болки во стомакот, колики и слуз во белите дробови.
Употреба: по 20-30 капки во 1/2 чаша вода, 2-3 пати дневно половина час пред оброк. Терапијата трае 1-2 месеци.
Надворешно се користи маслото од оваа билка за зараснување на рани, изгореници и намалување на лузни.
Познат е како успешен лек против несоница и нервни пореметувања. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.