Одличен топач на салото!
Потребни состојки:
1,5 литар вода
1/2 лимон – сок
3-4 см свеж ѓумбиров корен
Постапка:
Ставете на оган да зоврие вода. Откако ќе зоврие оставете 5-6 минути да врие, па додадете го ѓумбирот. Оставете да врие 15 минути па исклучете. Оставете ѓумбирот да излади во тенџерето.
Потоа процедете и додадете лимонов сок. Доколку сакате покисело, ставете повеќе лимонов сок и обратно.
Течноста поделете ја на два дела:
Првиот дел испијте го наутро пред појадок, а вториот дел пред вечера.
ОВОЈ НАПИТОК освен што ќе го стопи салото, ја подобрува циркулацијата на крвта.
Ѓумбирот е богат со цинк и магнезиум, кои се од суштинско значење за подобрување на циркулацијата на крвта, а исто така, содржи својства што го спречуваат лошиот холестерол да се акумулира во црниот дроб.
Покрај тоа, ѓумбирот е корисен за намалување на проблемите со потење.
-Ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи.
Ѓумбирот гарантира подобрена апсорпција на хранливите материи во организмот, поради стимулирање на ензимите на панкреасот и секрецијата на стомачните сокови.
-Спречува настинки и грип.
Содржи силни антибиотички и експекторантни својства, ѓумбирот ефикасно ги спречува проблемите со грипот и настинката.
-Ја подобрува дигестијата.
Ѓумбирот ги ублажува абдоминалните болки предизвикани во случај на воспаление на желудникот. Покрај тоа, одлично помага во случај на запек и го намалува интестиналниот гас, односно подуеноста на стомакот.
-Го зајакнува имунитетот.
Ако се консумира редовно, ѓумбирот го зајакнува имунитетот и ги зајакнува одбранбените капацитети на телото од потенцијални инфекции, кашлање, грип и настинки.
Исто така, го намалува ризикот од мозочен удар и се бори против инфекции во цревата.
-Ги ублажува болките во зглобовите.
Ѓумбирот е богат со антиинфламаторни својства, кои го намалуваат воспалението и болката на зглобовите.