РАФАЕЛО ТОПЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ…Овие ми се најлесни и највкусни, за 5 минути ги правам, задолжителни за празниците…Ако користите посно бело чоколадо можете да ги послужите и на посната трпеза. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
160 г кокосни снегулки
260 г растопено бело чоколадо
30 г лешници или бадеми по вкус
ПОСТАПКА:
Растопете го чоколадото и соединете го со кокосот. Смесата оставете ја да одмори 10 минути, па правете топчиња. По желба внатре во секое топче ставајте лешник или бадем, па валајте ги во кокосово брашно/снегулки.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: