Фото и рецепт: Верица Николиќ

Многу лесно се приготвува, има фантастичен вкус и што е најважно – неспоредливо е поевтин од купечкиот.

Потребни состојки:

400 г сусам

4 лажици маслиново масло

2 лажици мед

1 прстофат сол

Постапка:

1.Путерот од сусам може да се приготви и од интегрален сусам. Но, за посилна арома, јас малку го потпеков.

2.Рерната загрејте ја на 150 степени. Сусамот ставете го во плех и ставете го во загреаната рерна малку да се потпече. Внимавајте да не прегори, па во текот на печењето неколку пати промешајте го. Печениот сусам оставете да излади.

3.Јас путерот го правев во чопер (Ultimate Chopper), како и путерот од кикирики.

4.Путерот правете го на двапати (наведените состојки поделете ги на две дела) за подобро да се избленда. Имено, во чопер (блендерот) ставете 200 г од испечениот сусам, додадете трошка сол, лажичка мед и две лажици маслиново масло. Матете додека сусамот да се претвори во путер.

5.Во текот на блендирањето, двапати сопрете за малку да промешате и да ја вратите содржината во средина, за да може рамномерно да се измикса.

6.Путерот ставете го во тегличка (од 400 г) и оставете да излади. Јас не можев да сочекам да излади, морав да го пробам, па затоа на фотографијата е малку потечен. Инаку, кога ќе излчади има структура на путер.

7.Путерот од сусам е многу вкусен. Можете да го користете како намаз за леб, за салата, колачи…