ПУТЕР КОЛАЧИ: Цела куќа мириса убаво… наједноставен рецепт за највкусните ситни колачи! Колку подолго стојат, толку се поубави…Можеби ќе ве потсетат на ванилиците, зашто многу се слични.
Овие колачи можете да ги вадите во најразлични форми, големини и дебелини, секогаш го задржуваат обликот каква модла и да користите. Можат да се лепат две по две, со џем или некој чоколаден крем, но убаво се и така да се јадат.
Со стоење само стануваат уште повкусни и помеки, а најдобро е да се чуваат во некоја голема лимена кутија. Од оваа количина излегуваат навистина многу. Ако ги печете пократко, остануваат посветли, но и поинтензивно мирисаат на путер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г путер, 500 г меко брашно, 2 јајца, 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г)
ПОСТАПКА: Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот и ванилата додека тој да се растопи, а потоа со миксер пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура.
Додека матите со миксерот додајте ги и изматените јајца, а потоа и просеаното брашно со прашокот за печиво. Добро изедначете и замесете фино, компактно тесто. Завиткајте го во кеса или проѕирна-стреч фолија, па оставете го во фрижидер неколку часа да се стегне.
Потоа на сосем малку набрашнета површина развлечете го тестото во тенка кора со дебелина од 0.5-0.8 мм или по желба, па со модла или чаша вадете ги колачите со посакуваниот облик.
Колачите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 160 степени, 10 минути. И тоа е тоа, едноставно и фино. / Сооlinarika.сom
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „РЕЦЕПТ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР – Најмеки ванилици кои се топат во уста“ – ОВДЕ.
РЕЦЕПТ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР – Најмеки ванилици кои се топат во уста