Неверојатно е колку едноставните нешта можат да бидат толку совршени. Рецептот е прелесен и преедноставен, а ефектот е феноменален. Со помош на само неколку состојки можете да приготвите многу вкусни и декоративни слатки топчиња со најразлична арома и боја.
Потребни состојки: 500 мл вода, 3-4 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила, 1 лажичка екстракт од ванила, 100 г кокос + 100 г за валкање, 3-4 капки црвена прехрамбена боја. Постапката е многу едноставна: Во малку вода разматете го пудингот, а преостанатата вода оставете ја да проврие заедно со шеќерот додека тој да се растопи.
Потоа сварете го разматениот пудинг и мешајте додека да згусне, па тргнете го од оган и оставете го да се олади. Во изладениот пудинг измешајте 100 г кокос и екстракт од ванила, па добро измесете ја смесата со раце за убаво да се соединат состојките.
Добиената смеса поделете ја на два дела, па во едниот ставете прехрамбена боја (по ваша желба). Формирајте топчиња со дланки и валкајте ги во кокос. Коментар од Билјана Димова: “Наместо да се става екстракт од јагода, јас правам една доза со пудинг од јагода, а една доза со пудинг од ванила. Превкусни се кога ќе се наредат шарено во чинијата.”
Брзи рафаело топчиња од пудинг и кокос – омилени на децата (Фото и рецепт: Сања Милојевиќ – Рафаело топчиња). Мислам дека сите деца го сакаат овој колач. Јас ги направив без лешник и бадем, а доколку сакате вие можете да ставите во средината од секое топче.
Потребни состојки: 200 мл слатка павлака, 100 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 4 лажици шеќер во прав, 100 г кокос и + 50 г за валкање на бомбиците и 1 кесичка ванилин шеќер. ПОСТАПКА: Ставете ја слатката павлака на оган, а во млекото разматете го прашокот за пудинг со две лажици шеќер во прав.
Кога доволно ќе се загрее павлака, пред зовривање, во тенок млаз додадете го разматениот пудинг и со постојано мешање варете додека да се згусне. Тргнете го пудингот на срана и веднаш додека е топол во него додадете 100 г кокос и добро промешајте.
Оставете ја смесата да се олади на собна температура со повремено промешување, а потоа оставете ја во фрижидер два часа. По изминатото време, во една чинија ставете 50 грама кокос и промешајте го со една кесичка ванилин шеќер. Извадете ја смесата од фрижидер, додадете 2 лажици шеќер во прав, па добро промешајте додека да се изедначи и соедини.
Со помош на лажица црпете од смесата, обликувајте топчиња, валкајте ги во кокосот и редете ги на тацна. По желба може да ставате по еден лешник во секое топче. Оставете ги бобиците еден час во фрижидер пред послужување за да можат убаво да се стегнат и изладат.
ЦРНО БЕЛИ ТОПЧИЊА: Црно-белите топчиња се моја модификација на едноставниот рецепт за рафаело бомбиците. Добив идеја да ја поделам основната смеса на два дела, па така добив рафаело плус чоколадни топчиња. Супер комбинација за мене! Ова се потребни состојки за една доза: 2 пудинг од ванила, 500 мл млеко, 7 лажици шеќер, 250 г путер/маргарин, 200 г шеќер во прав.
За рафаело: 200 г кокос и по желба лешници за внатре. За чоколадни: 80 г чоколадо и 250 г мелени плазма бисквити. Постапка: Пудингот сварете го на вообичаен начин, според упатството на кесичката и тргнете го на страа целосно да се олади. Потоа додадете изматен маргарин со шеќер во прав (јас обично ја намалувам количината на маргарин на 200 г или 150 г, а шеќер во прав најчесто не ставам, или намалете ја количината по ваш вкус).
Смесата поделете ја на два дела, па во едниот дел ставете кокос, правете топчиња, ставете во секое по еден лешник (ако сакате) и валкајте ги во кокос. Во вториот дел ставете чоколадо да се растопи, а потоа и мелените бисквити (мене ми беа доволни 200 г за во смесата, а во 50 г ги валкав).
Месете со рака и одредете ја густината по желба. Потоа двете смеси оставете ги малку да одморат во фрижидер за убаво да се стегнат. Обликувајте ги топчињата и по желба валкајте ги во мелени бисквити или во кокос. Оставете ги во фрижидер да изладат околу два часа.
Од оваа смеса излегуваат околу 50 топчиња со средна величина. Одлични се за кафе, за да ги однесете некому како подарок, како ситни колачи за разни слави и родендени. Во чоколадните топчиња можете да ставате лешници, ореви, малку цимет… Вие може да ги прилагодувате според вашиот вкус.
Одличен рецепт за рафаело топчиња – многу се вкусни, евтини и просто се прават – Здраво на сите, сакам со вас да го споделам овој рецепт кој навистина ме воодушеви и со вкусот и со леснотијата со која се приготвува. Рафаело топчињата се многу популарни и речиси сите ги прават според некој свој рецепт, со млеко во прав, без млеко, посни со густин и вода или растително млеко…
Мојот рецепт се приготвува со млеко и пудинг од ванила, која сака може во секое топче да стави лешник, но и не мора, секако се вкусни и празни, уште е потребен шеќер, маргарин или путер и кокос за валкање. Ништо комплицирано, а се добиваат доста топчиња со големина на орев, превкусни се, лапни – голтни, одлични за секоја пригода!
Потребни состојки: 500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила, 7 лажици шеќер, 300 г кокос и уште кокос за валкање, 250 г маргарин или путер, лешници за полнење на топчињата, но не мора и уште 250 г шеќер во прав.
Постапка: Од половина литар млеко одземете приближно половина чаша за да ги разматите пудинзите. Остатокот млеко заедно со 7 лажици шеќер ставете ги на оган. Прашокот за пудинг добро разматете го да нема грутчиња, па внимателно додадете го во млекото кога тоа ќе зоврие.
Намалете ја температурата и мешајте постојано додека пудингот убаво да се згусне. Потоа оставете го на страна целосно да се олади. Путерот оставете го да омекне на собна температура, па заедно со шеќерот во прав пенасто изматете го со миксер. Откако убаво ќе го изматите, започнете лажица по лажица да го додавате во него изладениот пудинг, а за цело време матете со миксер.
На крај додадете го кокосот и промешајте со лажица убаво да се соедини и изедначи во кремот. Оставете малку во фрижидер да се стегне, но ако ви се брза можете и веднаш да ги формирате топчињата. Земајте по малку во навлажнета или намастена дланка и формирајте ги топчињата.
Во нив можете да ставате по еден лешник, но не е задолжително, и така се многу вкусни. Секое топче валкајте го во кокос и редете ги на рамна површина, а потоа оставете ги во фрижидер убаво да се стегнат, а најдобро е да се остават преку цела ноќ. Подобри Рафаело топчиња од овие не сум пробала. Станав зависна од нив, па затоа одлучив рецептот да го споделам со вас.
Феноменални пудинг топчиња, едноставно и вкусно за 15 минути – Мене овие бомбици ми оставија силен впечаток со својот вкус и со леснотијата со која се приготвуваат. Пробајте, нема да се покаете!
Потребни состојки: 2 пудинг од чоколадо, 2 супени лажици рум, 2 супени лажици вода, 50 г шеќер во прав, 50 г путер или маргарин и кокос, мелен лешник, мелени ореви или нешто друго по ваш вкус.
Постапка: Со жица изматете шеќер во прав со жолчка, рум и вода. Оваа смеса сварете ја на пареа, па кога ќе забежите трага во садот при мешањето значи дека е готово. Веднаш додека е врело додадете му го путерот и пудингот во прав (значи не треба да се вари пудингот посебно). Добро промешајте со маталка, смесата е доста леплива, но така треба.
Оставете во фрижидер околу час и половина, па потоа обликувајте ги топчињата. Многу лесно се обликуваат, ќе видите, нема никаков проблем. Потоа можете да ги валкате во кокос, мелени лешници или билошто по ваш вкус. Од оваа смеса излегуваат 20-тина топчиња, што значи следниот пат сигурно ќе ги правите во двојна доза зошто се превкусни! Coolinarika.com / Видео презентација погледнете ОВДЕ.