Потребни состојки:

100 г шеќер

200 г путер/маргарин

100 г чоколадо за готвење

4 лажици брашно

1 прашок за печиво

4 јајца

За крем:

200 г чоколадо за готвење (или нутела)

500 мл слатка павлака

1 лажица шеќер

Постапка:

Жолчките изматете ги со шеќерот, додадете растопени и изладени путер и чоколадо, па брашно помешано со прашок за печиво и на крај снег од белки (белките измешајте ги полека и внимателно со лажица).

Печете во тепсија 20х35 см на 180 см околу 20 минути (проверете со чепкалка).

Фил: слатката павлака загрејте со шеќерот на тивко, тргнете на страна па додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека да се растопи.

Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е топол прелијте го топлиот крем. 

Кремот е доста редок но нема потреба да се микса или да се додава било што друго, зошто кога ќе излади ќе се стегне.

Колачот прво се лади на собна температура, а потоа се става во фрижидер најмалку 5 часа добро да излади и да се стегне.