Можете сами да направите домашен пијалок со електролити, додавајќи прстофат хималајска или морска сол во водата и на тој начин да ја збогатите со многу важни минерали – еве како се користи и за што може да користи ваквата сол.
Сè почесто лекарите испраќаат предупредувања дека повеќето луѓе се редовно дехидрирани и дека човечкото тело често стра-да повеќе од жед отколку од некоја посериозна бoлка.
Кога човекот е дехидриран, најчесто не ги сфаќа сигналите кои му ги испраќа телото, па наместо да се напие вода, тој посегнува по храна.
Покрај тоа, хроничната дехидратација често е една од причините за болеста или фактори кои ја влошуваат истата, па лекарите предупредуваат дека треба да пиете поголеми количини на вода од вообичаено, особено во текот на летниот период.
Од друга страна, многумина се жалат дека едноставно не се толку жедни и дека премногу често одат во тоалет. Дали може да се случи водата едноставно да „помине“ низ организмот и да не ги нахрани сите клетки според нивните потреби? Да, можно е.
Тајната на успешната хидратација на целото тело е во снабдувањето со електролити, кои честопати можете да ги најдете во купените производи наменети за спортисти кои ги користат особено после напорни тренинзи.
Овие производи не само што се скапи, туку и таквите пијалаци може да содржат вишок шеќер и други адитиви кои можеби воопшто не ви одговараат. Затоа, наједноставно е да си подготвите домашен пијалак со електролити, така што ќе додадете само прстофат морска сол во чаша вода.
Покрај натриумот, кој поттикнува осмоза и гарантира дека клетките се добро хидрирани, содржи и магнезиум, калциум и калиум, клучни минерали за добро функционирање на телото. Ако ви пречи вкусот на ваквата вода, слободно исцедете малку сок од лимон и со тоа додајте витамин Ц во вашиот здрав напиток.
Ако сакате, можете да измешате половина чаша кокосова вода и обична или минерална вода, и на тој начин ќе ја зголемите содржината на магнезиум, важен минерал за добро здравје. Ако водата е млака и се испие наутро на гладен стомак, може да делува како лесен лаксатив и да предизвика празнење на цревата.
Во никој случај не го заменувајте овој рецепт со оној за солена вода која се користи за плакнење на стомакот по трyење со храна! Колку за потсетување, чаша вода во која се раствора лажичка кујнска сол предизвикува силна контракција на слузокожата.
Со тоа се доведува до повpаќање и чистење на желудникот од опаcни содржини. По една таква интервенција, не е дозволено да се јаде неколку часа, а пaциентот треба да одмора најмалку половина час.
Исто така, како што веројатно секој веќе знае, не смее да се пие класична морска вода бидејќи содржината на сол во неа е исто така превисока, па може да дојде до зголемување на притисокот и задршка на течностите во организмот.