Овој чај го храни телото со неопходните материи, но исто така, успешно го чисти целиот уринарен тракт.

Успешно ги разградува сите калцификати, па затоа се корсти не само за прочистување на бубрезите, туку за прочистување и на другите ткива кои страдаат од таложење на штетни материи. Помага да се сочува еластичноста на зглобовите и артериите, како и за намалување на високио крвен притисок.

Потребни состојки:

4 лажици јачмен во зрно
1,5 литри вода
по желба: јачменов слад (малтекс)

Постапка:

На загреана тава, без маснотија, запечете го јачменот додека да зарумени и додека да ја почувствувате неговата убава арома. Обично за ова тостирање е потребно околу 5-10 минути.

Повремено промешајте или протресете ја тавата, за да не загорат семенките.

Во зовриената вода додадете го пржениот јачмен и варете го на тивок оган уште околу 10-тина минути.

Кога чајот е сварен, оставете да отстои уште неколку минути, за да можат зрната да се наталожат на дното. Потоа процедете.

Употреба:

По желба, чајот можете да го засладите со јачменов слад о да додадете малку лимонов сок. Се пие по една чаша неколку пати во денот, наместо вода, а најдобро на празен стомак, пред оброк.

Совет: на истиот начин можете да направите и чај од други интегрални житарици. Можете да пропржите и поголема количина јачмин (или некои други житарици), да го складирате во стаклени шишиња или тегли, а подоцна да се консумира по потреба.

Некои варат и двојна количина чај, ја распоредуваат во две шишиња, па во едното ставаат стапче/кора од цимет, а во другото парче ѕвездест анис.