Овој еликсир ќе ви помогне телото побрзо да ги согори масните наслаги и да го забрза метаболизмот. Потребно е да се испие една чаша, секоја вечер пред спиење, за да бидат видливи резултатите.

Со помош на редуцирана исхрана и овој напиток, многу брзо ќе се ослободите од наталожените вишок килограми, вели доктор Мандел кој го осмислил овој рецепт.

Покрај тоа, ќе ви помогне и побрзо да заспиете, а познато е дека доволна количина на сон е многу важна за метаболните процеси, па и за слабеење.

За приготвување ќе ви биде потребно:

1 лажица сув цвет од камилица
½ лимон – сок
1 лажичка јаболкова киселина
½ лажичка мелен цимет

Постапка:

Во 300 мл зовриена вода ставете лажица чај од камилица, поклопете и оставете 15 минути. Процедете, па во чајот додадете ги останатите состојки. Испијте го еден час пред спиење.

Зошто овој напиток е добар за слабеење?

Камилицата е добро познато природно средство за смирување. Јаболковата киселина има бројни докажани благотворни дејства врз организмот, а едно од нив е и брзото разградување на мастите во телото.

Циметот е уште една моќна состојка во оваа комбинација и многу често се користи за слабеење поради својот поволен состав.

Повеќе совети и рецепти од докторот можете да погледнете на овој канал: