Ова е проверен рецепт, од искуство го кажувам. Ми помогна да се отарасиме од оваа досадна бактерија во уринарниот тракт. Мојата Наташа ја имаше од раѓање, никакви лекови не и помогнаа, а овој рецепт го дознавме од една баба на наша пријателка.
Потребни состојки:
30 семки од лубеница
1 литар вода
Постапка:
Во еден лонец со вода ставете ги семките и ставете на оган. Кога ќе зоврие, оставете да се вари уште 10 минути. Течноста процедете ја и складирајте ја во стаклено шише. Чувајте во фрижидер.
Оваа течност пијте ја како вода или со неа растворајте си домашни сокови или цедевита.
Моето девојче пиеше по 2-2,5 литри тешност преку сокови.
Инаку самата течност нема некој посебен вкус, па можете да ја пиете така или да си цедите лимон во неа. Единствено малку е матна.
Наташа на оваа течност беше 6 месеци, а денес околу 2 години после тоа, се’ уште има стерилен наод на микробиолошките наоди од урината. Сега сме сигурни дека оваа досадна бактерија целосно ја победивме!