ПРОТИВ БРЧКИ: Правете го ова секоја вечер и ќе бидете воодушевени од резултатите. Природната козметика е многу ценета ширум светот, зашто не содржи штетни хемикалии кои навлегуваат длабоко во организмот.

Со текот на времето тие се таложат предизвикувајќи разни проблеми по здравјето. Она што не можете да го јадете, не ставајте го ниту на лицето… Денеска ви откриваме одличен рецепт за домашно масло кое одлично делува против брчки.

Изгледајте помлади со цвекло! Се нанесува секоја вечер и се остава да делува преку ноќ! Користете го секоја вечер 2 недели, а потоа по 2-3 пати неделно! Не треба да го протресувате тегличето пред употреба, туку користете го го само површинското масло без талогот.

Вториот рецепт што ќе ви го откриеме е колагенска маска направена со желатин и сок од моркови и компир.

Компирот се бори со брчките и ја прави кожата поеластична и поцврста! Морковите се богати со витамин А, кој ја одржува вашата кожа здрава и убава. Маслото совршено ја храни кожата, ја навлажнува и измазнува брчките.

Може да се користи за масажа на лицето и телото. Желатинот ја подмладува кожата на лицето и делува како природен „филлер“ за лицето. Ги пополнува брчките и и дава на вашата кожа подмладен изглед уште од првото нанесување.

Колагенските маски се познати по нивниот моментален ефект. Ги измазнуваат брчките и фините линии и и даваат на кожата интензивна влажност. Еве што ви е потребно:

КОЛАГЕНСКО МАСЛО:

1/2 цвекло рендано
1 морков со средна големина, рендан
5 капки етерично масло од лаванда
150 мл екстра девствено маслиново масло

ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги во тегла и варете ги во водена бања 30 минути на умерена температура. Повремено промешувајте со дрвена лажица.

Процедете го маслото преку медицинска газа и складирајте го во сува и чиста тегла. На ладно може да се чува до два месеци.

УПОТРЕБА: Нанесете го маслото на лицето, вратот и деколтето.
Може да се користи по цело тело! Масирајте додека да се апсорбира маслото и оставете да делува преку цела ноќ. Видео – ТУКА.

КОЛАГЕНСКА МАСКА

1 голем морков, сок
1 голем компир, сок
1 лажичка желатин во прав

ПОСТАПКА: Помешајте го сокот од морков и компир, загрејте го на тивок оган и додајте го желатинот за да се растопи. Оладете и користете на следниот начин: нанесете еден слој и оставете да се исуши, а потоа нанесете уште еден слој. Потоа исплакнете. Видео – ТУКА.