Идеален избор за појадок или вечера со јогурт или млеко.

Потребни состојки:

2 шолји пченкарно брашно
2 шолји пченично брашно
1 прашок за печиво
1 шолја масло
150 г фета сирење (за посна верзија -посна урда)
200 мл јогурт (за посна верзија -газирана вода или посно млеко или јогурт)
1 шолја газирана вода
Малку сол

Постапка:

1.Сите состојки добро измешајте ги.

2.Во плехот ставете една лажица маст (путер/маргарин), па ставете во загреана рерна да се растопи и на тој начин да се добие крцкавиот дел од кората, па одеднаш истурете ја смесата во плехот и по желба поросете со сусам.

3.Печете на 220 степени.