Ако размислувате за предмети што се многу корисни во кујната и кои никогаш не можете да ги имате премногу – дрвените даски за сечење се едни од нив. Дрвените даски се неопходен додаток во секоја кујна кои се користат за подготовка на зеленчук, овошје, месо и друга храна, а сигурни сме дека вие самите ги имате по неколку во залиха.
Без разлика дали се големи или мали, можат да бидат во секоја форма, а во последно време се подготвуваат модерни даски со иницијали од вашето име, со разни декорации, убави резбарени натписи и што ли уште не..
Сепак, овие дрвени даски треба да ги чувате и да ги чистите редовно за да не се оште-тат бидејќи се направени од дрво, а во допир со влага веднаш се замирисуваат и се појавуваат дамки и остануваат траги од влагата.
Поради фактот што машината за миење садови не е идеален начин за чистење на дрвената даска, бидејќи водата и високите температури можат да предизвикаат пук-натини, единствениот начин е рачно да ја исчистите даската во мијалник со вода и некој детергент.
Но, ако кујнските дрвени даски кои ги имате дома се цели со дамки и имаат непријатен мирис тогаш прочитајте го следниов начин на чистење со 2 едноставни состојки кои постојано ги имате во домот. И за крај, едно златно правило за одржување на добриот изглед на дрвената даска.
На каналот Шерпица Рецепти наидовме на едно многу интересно видео за одржување на здравиот изглед на дрвените даски со кој тие изгледаат како нови. Со оваа лесна техника ќе ги отстраните дамките и непријатниот мирис.
Но, за даските постојано да изгледаат чисто, овој метод треба да го практикувате барем еднаш во месецот или кога сечкате лук на пример, од кој останува миризбата на даската, даската треба да се измие веднаш.
Ќе ви бидат потребни следниве состојки: ал-кохолен оцет, сода бикарбона и масло. Постапка: Врз даските наросете сода бикарбона. Во шишенце со спреј ставете го оцетот и испрскајте ги даските. Потоа со раце истријте ги површините за да се отстранат дамките.
Оставете средството да делува 3-5 минути, но не оставајте подолго бидејќи дрвото лесно апсорбира влага која ги предизвикува непријатните мириси. Потоа даските ставете ги под млака вода и добро отстранете го средството, да не остане на дрвената површина.
Даските веднаш пребришете ги со салфетка или со памучна крпа и потпрете ги одделени една од друга за добро да се исушат. Важно е да ги пребришете со салфетка за да не се впие вишокот влага.
Кога ќе се исушат даските прелијте ги со малку масло, една до две капки (може да користите обично, но има и специјално за оваа намена) и пребришете ги со салфетка. Овој метод се практикува уште од дамнешни времиња за зачувување на изгледот на дрвените даски. Маслото се смета како да ја негува ,,кожата” на дрвото.
Не ја отстранувајте вишокот маснотија, дрвото ќе ја впие, но нема да му наш-тети. Чистењето на даските со оцет и сода бикарбона треба да го применувате по потреба, секогаш кога ги користите даските, а премачкувањето на даските со масло практикувајте го еднаш месечно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.