После прележана белодробна болест обично се случува кашлицата да остане присутна иако болеста одамна е излекувана. Симптомите на болеста не се присутни, но продолжената кашлица која може да премине во хронична, е знак дека белите дробови сè уште имаат вишок слуз или честички-иританти кои телото сака да ги исфрли.
За среќа, народната медицина е богата со одлични природни препарати кои ефикасно помагаат во вакви случаи. Еден ваквов рецепт беше неодамна објавен со видео презентација од постапката, па од читателите имаше бројни пофални зборови, позитивни искуства и изјави на благодарност за споделеното искуство.
Меѓу нив може да се прочита: „Испив една тегличка и се cпacив, ви благодарам многу!“; „Ви благодарам многу, токму овој сируп ми беше потребен!“..
Доколку и вие имате сличен проблем со кашлица или имате „кpaток здив“, овој домашен препарат – прочистувачки сируп за бели дробови може многу да ви помогне. За да го приготвите ќе ви бидат потребни само 4 состојки кои се лесно достапни и можете да ги купите од речиси секоја продавница.
Доволно е да користите по две супени лажици од овој сируп дневно, а веќе за три дена ќе забележите огромно подобрување во состојбата. Првата лажица се консумира наутро пред појадок, а втората, навечер пред спиење. Овој природен лек помага против кашлица, бронхитис и ларингитис.
Штити од бактерии и виpycи така што ја зголемува отпорноста и одбраната од нив. Со зајакнат имунитет телото има многу повеќе енергија и станува отпорно речиси на секоја болест. Токму овој напиток дава одлични резултати.
ПОДГОТОВКА: Измерете половина литар вода, најдобро филтрирана или изворска. Ставете ја водата во тенџере и додајте 2 полни супени лажици шеќер. Може да се користи и интегрален шеќер или кокосов, а има за цел да го подобри вкусот, но и да послужи како конзерванс, односно да спречи расипување на сирупот. Поклопете го тенџерето и оставете го на страна.
Исчистете 5 големи главици лук кои заедно тежат 200 грама. Познато е дека лукот е најдобриот природен антибиотик кој штити од pecпираторни инфекции. Меѓу другото има способност да ја разблажува густата слуз наталожена во белите дробови.
Овие својства им ги должи на состојката наречена алицин, пишува НМД. Исчистениот лук сомелете го, ситно исечкајте го или едноставно притиснете го со ножот за да „расцвета“, колку да може да ги испушти соковите.
Излупете околу 50 грама свеж корен од ѓумбир, а доколку е органски, добро измијте го во раствор од сода бикарбона и искористете сосе лушпата. Исечете го поситно колку што можете. Ѓумбирот има силни антивоспалителни својства и исто како лукот помага полесно да се исфрли наталожената слуз од белите дробови.
Следната состојка е куркума, која благодарение на активната состојка куркумин спречува појава на хромични белодробни болести. За овој рецепт ќе ви биде доволна една супена лажица куркума во прав. Тенџерето со вода и шеќер ставете го на оган да зоврие. Штом зоврие намалете ја температурата на најтивко, па ставете ги лукот и ѓумбирот.
Промешајте и поклопете, па оставете на најтивко да се готви 5 минути. Потоа додајте ја куркумата во прав и промешајте. Исклучете го огнот и оставете го тенџерето на топлата рингла уште 5 минути (или продолжете го готвењето на најтивко).
Потоа тргнете го настрана и оставете да се олади. Процедете го и складирајте го во стаклена тегла. Додајте неколку тркалца лимон и чувајте во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.