Кашлицата најчесто се јавува како последица на вирусна или бактериска инфекција на респираторниот систем. Освен кашлица може да се јави и течење од носот, кивање, воспалено и отечено грло, висока телесна температура, главоболка и б олка во ушите.
До кашлица доаѓа кога вирусите, бактериите, прашината, пердувите или некои други иританти ќе ги надразнат нервните завршетоци во дишните патишта помеѓу грлото и белите дробови.
Со помош на кашлицата телото се обидува да се ослободи од овие иританти и да ги прочисти дишните патишта. Притоа вложува големи на-пори, бидејќи брзината на воздухот при искашлувањето достига и 100 километри на час.
Хроничната кашлица може да биде знак за сериозна болест како воспаление на бели дробови или туберколоза. Но, често е само малтретирање за болниот, бидејќи предизвикува б олка во белите дробови и општа исцрпеност.
Сируп за ублажување на тешка кашлица
Потребни состојки: 2 гранчиња мајчина душичка (или две лажички сува билка), 1 стапче цејлонски цимет, 1 четвртина главица громид ситно исечкана, 1 чешне лук ситно исечкано, 1 лута мала пиперка, засечена на неколку места, 150 мл мед, 50 мл кокосово или екстра девствено маслиново масло, 50 мл свежо исцеден сок од лимон.
Постапка: Во тава или тенџере ставете ја мајчината душичка, циметот, кромидот, лукот и лутото пиперче, па прелијте со масло и мед. Лутата пиперка го подобрува протокот на кр-вта до воспаленото место, во овој случај грлото, со што се забрзува лекувањето.
Промешајте ја смесата и ставете ја да се загрее на пареа или на тивок оган, до пред зовривање. Тргнете го садот од оган, поклопете и оставете целосно да се излади. Потоа добро процедете, а во сирупот додадете свежо исцеден сок од лимон.
Добро промешајте и складирајте во стеризилиран сад и добро затворете. Чувајте во фрижидер каде сирупот нема да се расипе најмалку 3 седмици. Консумирајте три до четирипати на ден по една лажица.
ЕДНОСТАВЕН СИРУП СО МЕД И ЛИМОН: Медот е стар домашен лек против кашлица и други тегоби поврзани со настинаката и грипот. Се користи засебно или со чај. Медот е една од најздравите природни намирници на светот и содржи силни антибактериски и антиинфламаторни состојки.
Потребни состојки: 150 мл мед, 50 мл кокосово масло или екстра девствено маслиново масло и 50 мл свежо исцеден лимонов сок. Постапка: Измешајте ги состојките и загрејте ја смесата на пареа или на тивок оган до пред зовривање.
Промешајте и веднаш складирајте ја стаклена тегличка. Чувајте во фрижидер каде ќе се одржи без расипување најмалку три седмици. Консумирајте по една лажица 3-4 пати дневно, додека да се повлечат симптомите.
ЛУТ СИРУП ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КАШЛИЦАТА: Некои лути намирници се лековити и против кашлица. За активната состојка на ѓумбирот – ѓингеролот се знае дека поседува моќни антиинфламаторни својства.
Кромидот поседува хемиски соединенија како што се феноли, флавоноиди и кверцетин, кои имаат противвоспалителни, антивирусни и антиоксидативни својства. Потребни состојки: 4 лажици мед, 1 главица исечкан црвен кромид, 3 свежи корени од ѓумбир, изрендани.
Постапка: Излејте го медот во сад, па додајте исечкан кромид и рендан ѓумбир. Промешајте и оставете ја смесата да отстои преку ноќ. За тоа време медот ќе ги активира активните состојки од кромидот и ѓумбирот.
Потоа можете да ја процедите смесата или да ги оставите состојките во медот, по желба. Јадете по една лажица од смесата 5-6 шати дневно. Лутиот сируп има силно дејство и брзо ќе попуштат симптомите.