Искористете ја моќта на природните средства за чистење на белите дробови и направете ваше, домашно масло од оригано. Ориганото е моќен природен лек, благодарение на неговите драгоцени состојки кои имаат антивирусно и антибактериско дејство.




За чистење на белите дробови, пожелно е барем еднаш дневно да пиете чај од оригано, а можете да го подготвите и од свежи и од суви листови од оваа лековита билка.




Меѓутоа, за најефикасно осло-бодување на слузта од белите дробови, препорачливо е да користите и масло од оригано, а можете да го направите сами. Потребни ви се 2-3 гранчиња оригано и 200 мл маслиново масло.




Обидете се да се снабдите со ладно цедено, екстра девствено масло. Извадете ги листовите оригано од гранчињата, сомелете ги во блендер или во аван, па полека додавајте го маслото и измешајте.




Кога смесата ќе се изедначи, истурете ја во стаклено шише или тегла. Затворете и оставете на ладно и темно место две недели. Мешајте ја смесата со дрвена лажица секој втор ден.




По две недели, процедете го и прочистеното масло е подготвено за употреба. Капнувајте две до три капки во секое јадење и конcyмирајте додека не го потрошите шишето. А еве нешто повеќе за маслото од диво оригано:




МАСЛО ОД ДИВО ОРИГАНО-ПРИРОДЕН И СИЛЕН АНТИБИОТИК. Маслото од диво оригано е прочистувач на организмот: ги униш-тува микроорганизмите кои предизвикуваат грип, настинки, осип на кожата и гигестивни проблеми. Докажано ги уништува следните бактерии, паразити и габички:

Escherichia coli, Candida, Salmonella enteriditis, Salmonella typhmurium, Pseudomonas aeruginosa, Listeria monocytogenes, Staphylococcus epidermidis, Micrococcus flavus, Bacillus subtilis, Enterobacter cloacae, Yersinia enterocolitica, Lactobacillus plantarum, Aspergilus niger, Geotrichum, Rhodotorula




Маслото од диво оригано содржи карвакрол (главна антибактериска состојка) која има силно нега-тивно влијание врз микроорганизмите, кои имаат тенденција да предизвикуваат разни инфекции во човечкото тело.

Тоа е 100% дестилат од диво оригано, и тоа од 100 кг билка се добива 1,2-1,8 литри ориганово масло. СЕ КОРИСТИ: За м аcaжа, во вид на мешавина од сончогледово, маслиново или кокосово масло; за инфекции на кожа; за инхалација; се пие посебно, или помешано со маслиново масло, јогурт или доматен сос.




Максимална препорачана д оза за возрасни е 12 капки, а за деца над 3 години по една до две капки. Ако се користат по 3 капки дневно, едно шишенце масло од диво оригано може да трае три месеци. Генерално, препораката е да се користи маслото континуирано 15 дена, со 15 дена пауза.




За разлика од другите антибиотици, ориганото не ја ја ош-тетува клеточната мембрана на бактериите со што е оневозможено нивното му-тирање. Покрај ова, маслото од диво оригано ги униш-тува и веќе му-тираните бактерии.




СЕ КОРИСТИ ЗА: за зајакнување на имунолошкиот систем; за проблеми со синусите и респираторниот систем; против ешерихија коли, кандида, салмонела; за превенција од грип и настинка. Постапката за приготвување на домашно масло погледнете ја ОВДЕ.