“Се сетив на еден многу добар рецепт за кој знам некои 30-тина години, а кој може да биде корисен за повеќе болести, бидејќи ублажува, спречува и лекува и не може да ви наштети.
Првенствено е наменет за циркулација на крвта, нервен и имунилошки систем. Од овој препарат добро расте косата, се опоравува…особено кај оние лица кај кои косата опаѓа поради лошо функционирање на организмот.
Потребни состојки:
8 лажици рузмарин, 1 литар вода, 4 големи лимони и 500 г мед од жалфија (или друг).
Постапка:
Исечкајте свеж (или сув) рузмарин, па 8 супени лажици прелијте ги со 1 литар вода и ставете на тивок оган да се вари додека половината да испари.
За тоа време пригответе го лимонот: измијте го добро и оставете го вода со малку сода бикарбона. После половина час повторно измијте ги, исечете го за да ги извадите семките и сомелете го. Помешајте го со половина кислограм мед од жалфија. Доколку не можете да најдете ваков мед, тогаш употребете било каков, да биде органски и квалитетен.
Кога водата од жалфија ќе се олади, процедете ја и промешајте ја со мешавината од лимон и мед. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Напитокот се користи секое утро на празен стомак по 100 мл”, пишува Весна Михајловиќ
НАПИТОК ПРОТИВ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ: Овој рецепт ми го препорача пријателка. Вели проверено е одлично за регулирање на триглицеридите и холестеролот. Не може да наштети, а ако помогне, одлично!
Потребни состојки:
2 лимони, по можност непрскани, 50 см рузмарин, 6 лажици интегрален шеќер и 2 литри вода.
Постапка:
Лимонот добро измијте го, па откако ќе го истретирате со сода бикарбона, извадете му ги семките и сомелете го. Кога се вели “гранче-две” рузмарин, не знаете точно која е количината, па мојата пријателка вели дека за овој рецепт се препорачува околу 50 см рузмарин.
Сето тоа ставете го во тенџере, прелијте со 2 литри вода и додадете шеќер, па варете додека да испари до половина. Изладете, процедете и складирајте во стаклено шише или тегла.
Чувајте во фрижидер и секое утро веднаш по будење испијте по една мала ракиена чаша. Иако мирисот во текот на варењето е силен, вкусот е слаткаст и нема да имате чувство дека пиете некој непријатен лек, напротив.
Coolinarika.com