Доколку постојано кашлате, имате отежнато дишење и болка во градите најчесто станува збор за честа болест на респираторниот систем. Во повеќето случаи, нема да ви требаат антибиотици, бидејќи повеќето случаи се резултат на вирусна инфекција, како што е настинка, грип или загаден воздух.

Но, ако овие симптоми се пропратни како резултат на акутен бронхитис, треба веднаш да започнете со лекување и третман и да не дозволите болеста да прогредира и да настане пневмонија.

Иницијатори на бронхитис можат да бидат одредени бактерии, но и алергени. Бронхитот кај деца и возрасни може да предизвика кашлица, замор, болка во градите, треска и болка во мускулите. Хроничниот бронхитис кај деца и возрасни може да предизвика посериозни проблеми.

Многумина користат антибиотици за брзо лекување на болеста. Сепак, храната, билките и природните лекови можат да ви помогнат подобро да ја лекувате моменталната состојба – бронхитис.

Почетни природни лекови за бронхитис кај деца и возрасни – најдобри природни лекови!

За најмногу две недели, симптомите целосно ќе исчезнат и ќе почувствувате подобрување. Во нормална состојба, акутниот бронхитис обично се развива од респираторна инфекција.

Важно е да започнете со третман веднаш штом ги забележите првите знаци на бронхитис, со цел да се опоравите што е можно поскоро и да избегнете компликации.

Сок од лимон

Сокот од лимон е добро познат природен лек за бронхитис кај деца и возрасни. Ова е првиот од природните лекови за бронхитис кај деца и возрасни, кој има чудесни лековити ефекти, бидејќи лимонот може да помогне во намалувањето на слузта и многу ефикасно да го смири грлото.

Храната богата со витамин Ц е позната како најдобра храна за лекување на бронхитис, бидејќи го одржува и зајакнува имунитетниот систем на една личност и му помага да остане здрав. Ако имунолошкиот систем се одржува здрав, тогаш тој може автоматски да помогне во борбата против болести од секаков вид, дури и во борбата против бронхитисот.

Измешајте сок од лимон со 1 чаша ладна вода, додајте 1 лажичка шеќер, а потоа испијте ја оваа смеса наутро 3-4 дена по ред. По изминатите денови, ќе почувствувате чудесен ефект врз белите дробови, а симптомите ќе исчезнат целосно.

Ѓумбир

Ѓумбирот е неверојатно ефикасен лек за бронхитис. Ѓумбирот е исклучителен лек за лекување на бронхитис во домашни услови. Одамна е познато за ефикасноста на ѓумбирот во лекување на настинка, бидејќи неговите антиинфламаторни својства помагаат во намалување на иритацијата и отокот на бронхиите.

Ѓумбирот може да го излечи воспалението, да го зајакне имунитетниот систем и на тој начин да му помогне на организмот во борбата против бронхитисот. Кога имате бронхитис, треба да пиете 2 чаши чај од ѓумбир секој ден за да ја почувствувате ефикасноста на овој природен лек. Ова е исто така еден од најдобрите природни лекови за бронхитис кај возрасни и деца.

Сенфот ги решава симптомите на бронхитис

Сенфот има особено добри антисептички, антифугални, антибактериски и антиинфламаторни ефекти. Затоа, немојте да се изненадите кога ќе слушнете дека консумирањето сенф е еден од начините за решавање на симптомите на бронхитис, а доколку го сторите тоа, за кратко време ќе ги видите посакуваните резултати.

Можете да го додадете во вашата дневна исхрана за да направите поздрав план на исхрана. Повеќе за сенфот прочитајте ОВДЕ.

Босилекот е стар ефикасен лек во борбата против бронхитисот

Многу народи му ја припишуваат божествената моќ на босилекот. Традиционалната медицина ги цени лековитите својства на босилекот, користејќи го против кашлање, депресија, главоболка итн.

Кога станува збор за билки, многу луѓе веднаш помислуваат на босилекот врз намалувањето на слузта во белите дробови. За ефикасен третман на бронхитис, треба да користите само половина лажичка босилек и да го натопите во врела вода пред консумирање.

Куркума

Куркумата е една од најдобрите природни лекови за бронхитис кај деца и возрасни
Куркумата не само што ви помага во лекување на кашлица, туку исто така ја намалува слузта и спутумот. Обидете се да подготвите млеко со неколку лажички куркума во прав и да го пиете после јадење.

Не заборавајте да пиете неколку пати на ден од златното млеко. Меѓутоа, ако страдате од чиреви, жолчни камења, вишок желудочна киселина, не користете го овој третман. Повеќе за златното млеко прочитајте ОВДЕ.

Може да измешате половина лажичка куркума во прав со лажичка квалитетен мед за да направите паста. Консумирајте ја добиената мешавина два до трипати на ден додека исчезнат симптомите. Ова е исто така еден од најдобрите природни лекови за бронхитис кај деца и возрасни!

Солената вода може да ви помогне при респираторни заболувања

Гаргара со солена вода неколку пати на ден е одличен начин за лекување на разни симптоми на бронхитис. Едноставно додајте една кафена лажичка сол во чаша топла вода и исплакнете го грлото со неа. Може да го исплакнете грлото со солена вода онолку често колку што ви е потребно.

Водата придонесува за намалување на слузта и третман на акутен бронхитис

Никогаш не треба да ги потценувате ефектите на водата за пиење врз лекувањето на сите болести. Пиењето многу вода исто така придонесува за намалување на слузта и третман на бронхитис. Затоа, треба да пиете многу вода во текот на денот, бидејќи ова е исто така еден од најефикасните природни лекови за бронхитис кај деца и возрасни.

Медот е ефикасен лек против бронхитис кај деца и возрасни

Медот може да помогне во намалување на кашлицата и на тој начин ефикасно да помогне во лекувањето на бронхитисот, во борбата против бактериите и вирусите. Така, медот му помага на имунитетниот систем да се бори против бронхитисот.

За лекување на бронхитис со мед, консумирајте мед и лимон наутро на гладен стомак или додајте мед во чаша изладен чај и уживајте.

Лук

Лукот е одличен природен лек за бронхитис. Има антивирусно, експекторантно дејство (помага во искашлување на секретот) и силно влијае на здравјето на белите дробови. Лукот е природен антибиотик, кој содржи многу есенцијални витамини и антиоксиданти. Луѓето со бронхитис треба само да го исчистат чешнето лук и да го проголтаат. Применете го овој метод трипати на ден за да добиете најдобри резултати.

Кромид за третман на болка во градите кај бронхитис

Свеж сок од кромид може да помогне во лекување на воспаление и болка во градите при бронхитис. Покрај тоа и кромидот е експекторанс. Може да се користи во многу форми, вклучувајќи сиров (свеж) кромид, варен кромид,  супа од кромид или кој било друг начин што го преферирате.

Домашен сируп за бели дробови и воспалено грло

Доколку имате проблеми со белите дробови, болка во грлото, потешкотии предизвикани од астма, бронхитис или сте само настинати, овој рецепт би можел да ви биде од голема помош.

Потребни состојки: 1 лук, 100 мл вода, 1/4 шолја исечкани јаболка или јаболков оцет, 1/2 шолја мед

Подготовка: Исечкајте ситно цела главица лук и додајте ги останатите состојки во длабок сад. Промешајте и оставете ја смесата да се соедини преку ноќ. Следниот ден процедете ја и чувајте ја на ладно место.

Консумирајте по една лажица од смесата на неколку часа се додека да почувствувате олеснување доколку сте настинати.

Дополнителна помош за бронхитис

Со цел природната терапија навистина да работи, потребно е да се преземат одредени мерки во форма на промени во животните навики и исхраната. По заздравувањето, здравиот начин на живот ќе ви помогне да спречите повторување на бронхитисот во иднина. Следните промени можат да го забрзаат закрепнувањето и да послужат подоцна како голема превенција:

Зајакнете го имуниот систем

Диетата богата со витамини и минерали, без вишок калории и масти, ќе му помогне на вашето тело полесно да се бори против бронхитисот.

Вежбајте и движете се почесто

Физичката активност помага кога станува збор за закрепнување на телото погодено од бронхитис, а се што ви треба е да вежбате трипати неделно по 20 минути.

Внимавајте на хигиената

Редовно мијте ги рацете за да спречите развој на болести.

Спијте доволно

Недостаток на сон го ослабува имунитетот и ги влошува симптомите на бронхитис, затоа обидете се да си обезбедите ноќен сон од 8-10 часа.

Шетајте низ природа како шуми и планини

Секојдневното пешачење на чист воздух ќе го зајакне капацитетот на белите дробови, а чистиот воздух ќе ви овозможи да дишете полесно. Покрај овие придобивки, пешачењето ќе го зајакне вашето тело и поедини мускулни групи важни за правилна респирација. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска