Меки и слатки принцес крофни кои се топат во уста како зимски снегулки. Преубавиот спој од ванилин крем со меки крофнички никого не го остава рамнодушен.

Дефинитивно еден од најдобрите колачи на кој сите му се радуваат. За приготвување на овој колач не ви е потребно многу време…

Најважната работа при подготовката на овој колач е да не ја отворате рерната додека крофничките се печат…Од оваа смеса се добиваат 40-тина крофнички. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

250 мл вода
125 мл масло
2 лажици шеќер
150 г брашно
4 јајца

За крем:

800 мл млеко
4 жолчки
120-250 г шеќер (по вкус)
10 г ванилин шеќер
130 г брашно
125 г путер

За ПОСИПУВАЊЕ:

Шеќер во прав
По желба можете да изматите и 300 мл слатка павлака
4-те белки можете да ги искористите за некој друг рецепт, прочитајте – ОВДЕ.

Постапка:

1.Во тенџере на оган ставете 250 мл вода, 2 лажици шеќер и 125 мл масло. Ставете да зоврие на умерена температура, под капак. Промешајте додека шеќерот убаво да се растопи.

2.Тргнете го садот од оган и постепено додавајте 150 г брашно со енергично мешање со жица за матење. Мешајте додека тестото убаво да се соедини и започне да се одвојува од ѕидовите. Оставете го настрана да одмори 1-2 минути.

3.Потоа изматете го со миксер и едно по едно додајте ги јајцата. Матете додека убаво да се соединат со тестото. Смесата ставете ја во кеса или шприц, па формирајте ги крофничките во плех обложен со хартија за печење.

*ако немате готварска кеса, тогаш со лажица црпете од смесата и спуштајте врз хартијата, па со виљушка правете шари.

4.Помеѓу крофничките оставајте доволен простор, бидејќи за време на печењето тие ќе пораснат. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека крофничките да заруменат, 20-30 минути. Не ја отворајте рерната додека да заруменат.

5.Печените крофнички оставете ги да изладат додека го приготвувате кремот.

6.За крем: Во тенџере ставете 500 мл млеко. Во посебен сад ставете 4 жолчки, 10 г ванилин шеќер, од 150 до 250 г шеќер, по вкус и 130 г брашно и 300 мл млеко. Изматете со миксер за да се изедначи смесата.

7.Смесата постепено излејте ја во врелото млеко и сварете го кремот со постојано мешање додека да згусне. Оставете го да излади, па соединете го со 125 г путер. Кремот ставете го во шприц и полнете ги крофните.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: