Потребни состојки:

500 г говедско месо (суво говедско или варено/печено па ситно сечкано)
200 г кисели краставички (ситно исечкани)
2-3 чешниња лук, ситно исечкани и промешани со краставичките
4 варени јајца, исечкани на коцкички
100 г сечкани ореви за наросување одозгора
Мајонез по вкус (може мајонез помешан со павлака)

Постапка:

Во тркалезен калап обложен со проѕирна фолија редиме слој месо и го премачкуваме одозгора со мајонез. Потоа редиме слој ситно сечкани кисели краставички помешани со лукче, па повторно премачкуваме со мајонез. Потоа ставаме сечкани варени јајца и врз нив нанесуваме мајонез.

Врз јајцата повторно редиме сечкано месо и го премачкуваме со мајонез, па кисели краставички, мајонез, варени јајца, мајонез и на крај наросуваме со сечкани ореви. Украсуваме со свежи листови од магдонос.

Целиот рецепт можете да го погледнете тука: