Советите од билкарите ја враќаат надежта кај заболените од простата. Кората од јасика ја враќа надежта на заболените од простата, тврди рускиот билкар Димитрије Јуровски.
Јасика е вид на топола и ја има и кај нас.
Кај народот е позната и под името трепетлика, бидејќи има поситни ливчиња од црната и белата топола кои многу лесно затреперуваат на ветерот.
„Кога се собира: рано напролет само од младите и тенки гранчиња на јасиката. Доколку постои итен случај, тогап кората може да се собира и зимно време, но тогаш мора да се зголеми количината, бидејќи лековитото дејство и е ослабено.
Од сувата кора може да се приготви лековит чај: една лажица сува кора се прелива со 250 мл зовриена вода и се вари пет минути. Се пие по третина од овој напиток, трипати дневно (значи поделено на трипати во текот на денот, на приближно еднакви растојанија), половина час пред обок – објаснува Димитрије.
Тој препорачува и користење на црна топола, која исто така расте кај нас. Рецептот е едноставен: наполнете половина тегла со свежи пупки од топола и прелијте ги со вотка (а може да послужи и лозова ракија, но подобро е со вотка).
Оставете да отстои два месеци на топло и темно место (да не е на директна сончева светлина), со повремено протресување. Потоа се процедува и се складира во темно шише.
УПОТРЕБА: по 30 капки од тинктурата, трипати дневно, растворени во чаша вода. половина час пред оброк. Тинктурата од пупки од црна топола се користи кај бројни болести, па дури и онколошки. Ова средство ќе ви помогне и кога сте настинати, уморни или премногу нер-возни.
ЛЕК ЗА ПРОСТАТА СО ОРЕВИ
Простатитисот е една од најнепријатните болести кај мажите. Денес ќе ви претставиме еден од најефикасните народни лекови против простатитис за кој сигурно веќе сте слушнале, но сте го подзаборавиле.
Главните микроелементи со кои се богати оревите се витаминот Е и цинкот. Оревите содржат и многу други корисни материи, но во врска со третманот на простатитис и зголемувањето на потенцијата, тие се особено важни. Многупати сме пишувале за придобивките од медот, но во овој случај тој делува како средство за зачувување на својствата на оревите.
Излупените ореви многу брзо ги губат своите својства, маслата испаруваат и микроелементите се распаѓаат (оксидираат). Медот во овој случај ги балсамира лупените ореви и на тој начин ги сочувува нивните својства, па дури и ги подобрува поради сопствената заситеност со витамини.
Како да се подготват ореви со мед како лек:
Односот е приближно ваков, но вие според сопствените потреби може да го прилагодувате:
За една чаша мед (200 мл) потребни се 10-12 цели јатки ореви. Потоа можете да го подготвите на два начина – или само да ги ставите целите јатки во медот, или ќе ги измелите (што е или исечкате, што е многу подобро), па потоа ќе ги измешате со медот. Не треба да ги мелете во прав, доволно е да бидат крупно мелени или исечкани на мали парчиња.
При мелењето/сечкањето се ослободуваат маслата кои на овој начин многу подобро се соединуваат со медот. Подобро е прво да ги истурите оревите во теглата, а потоа да ги прелиете со мед. Оревите се полесни од медот и за неколку часа тие ќе испливаат на површината. Пред употреба промешајте ја содржината за да добиете хомогена конзистентност.
Како да се користи медот со ореви:
Најдобро е да ја земате оваа мешавина наутро, по 1, 2 или три лажици. Или, можете да направите вкусен и хранлив појадок на следниот начин:
На 200 г несолена урда додадете 2 две лажици кисела павлака и во оваа мешавина додадете три лажици од смесата со сечкани ореви и мед. Оваа комбинација на намирници е многу добра да се консумира наутро.
Пред спиење потребно е да се исчистат цревата, земајќи по 50 г од мешавината. После консумацијата се препорачува да лежите на стомак 20 минути. Овој метод има најдобар ефект кај акутен воспалителен простатит и при влошување на хроничен простатит. Времетраењето на третманот – сè додека не ви здосади. Минимален период за да се постигне позитивен ефект во третманот на простатитис и да се зголеми потен-цијата е 1 месец.
Како се чува смесата од ореви со мед
Нема посебни услови за складирање на мешавината од ореви со мед. Подготвената смеса може да стои еден месец на собна температура и ништо нема да и се случи. Не ја ставајте во фрижидер. Единствено нешто на кое треба да се внимава, е да не ја оставате теглата изложена на сончевата светлина.
Ограничување: лекарите и нутриционистите предупредуваат дека оваа комбинација од ореви и мед е прилично калорична, па затоа не треба да не се претерува во количините. Особено треба да внимаваат луѓето со висок холестерол во крвта и да не претеруваат, бидејќи оревите содржат масти.