Ако сакате гостите да бидат воодушевени од вкусот на скарата која ќе ја подготвите, пробајте ги овие трикови!

1. Мраз

Верувале или не, но мразот е навистина генијален начин да бидете сигурни дека месото ќе ја задржи својата сочност. Кога плескавицата ќе ја ставите да се пече на скара, врз неа, само ставете коцка мраз.

2. Сок од јаболко

Ако сакате месото да биде помеко, испрскајте го со сок од јаболко во текот на печењето.

3. Печење на тивко

Доколку морате да подготвите храна за повеќе луѓе, ставете го месото на тивка скара многу порано пред да дојдат гостите. Пред да биде готово, тргнете го и ставете го во сад со поклопец.

Кога гостите ќе пристигнат, вратете го месото на силен оган, кратко време. На тој начин сите ќе добијат топла храна.

4. Распоредете ја топлината на скарата

Најголема грешка која се прави при печење месо на скара, е негово препекување. Затоа, на едниот дел од скарата ставете повеќе жар, а на другата помалку.

Така, месото кое е при крај со печење, префрлајте го на страната која е со послаба топлина.

5. Прочитајте кој е најголемиот трик на професионалните “скараџии”:

Еден од најголемите трикови кои го користат во професионалните ресторани со скара на жар е следниот:

Кога жарта ќе ја достигне својата колуминација, врз неа наросете пепел! На тој начин ќе ја регулирате температурата во секој момент. Доколку ви е потребен посилен оган, само тргнете ја пепелта.

Видео: