Според Центарот за контрола на болести, 735.000 Американци годишно страдаат од срцев удар. Некои од нив ќе се опорават, но многу од нападите ќе бидат фатални. Дури и од оние што ќе се опорават, од ЦКБ велат дека 210.000 од нив ќе претрпат втор срцев удар.

Навремено информирајте се

Научете како да ги препознаете предупредувачките знаци, за да можете навремено да го спречите првиот удар.

Симптомите кои ги опишаа преживеаните и нивните доктори, можат да ве предупредат дека имате некаков проблем, еден месец пред да се случи ударот.

Имајте во предвид дека симптомите може да бидат различни за мажите и жените.

1.Вртоглавица. 

Мажите кои имаат проблеми со срцето честопати страдаат од вртоглавица, вели д-р Синатра.

2.Несвестица. 

И мажите и жените страдаат од епизоди на несвестица околу еден месец пред срцев удар.

3.Ладна пот. 

Околу еден месец пред срцевиот удар, мажите може да доживеат ладно потење, забележува д-р Синатра.

4.Болка во градите. 

Друг споделен симптом меѓу мажите и жените е болката во градите.

5.Слабост во мускулите. 

Д-р Синатра посочува дека мажите може да искусат слабост во мускулите, додека жените може да имаат тежина или слабост во рацете.

6.Невообичаен замор. 

Според Science Daily, жените може да страдаат од необичен замор, несоница или невообичаени нарушувања во спиењето.

7.Проблеми со желудникот. 

Д-р Синатра споделува дека се појавуваат различни проблеми со желудникот. Жените може да страдаат од лоша дигестија или губење на апетитот. Мажите, од друга страна, може да имаат проблеми со гадење.

8.Скратен здив. 

Science Daily посочува дека краткиот здив е заеднички симптом за мажите и жените, како знак за рано предупредување.

Познавањето на раните предупредувачки знаци за срцев удар може да ви го спаси животот или животот на вашите сакани.