Home Десерти Превртен колач со јаболка, сочен, миризлив, се топи во уста…

Превртен колач со јаболка, сочен, миризлив, се топи во уста…

Многу вкусен колач, сите ќе ви бараат рецепт. Ова е еден од оние едноставни колачи кои брзо и многу лесно се приготвуваат, а сепак пленуваат и со вкус и изглед. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 1,5 кг јаболка, 100 г суво грозје, 19 лажици шеќер, 2 лажички цимет, 50 г путер, 5 јајца, 100 мл млеко, 100 мл масло, 8 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл вода, 2 шлаг пена и ореви

Постапка: јаболката убаво измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семки и исечете ги на парчиња. Во помала тепсија обложена со хартија наредете ги парчињата јаболка на дното да биде сето покриено.

Одозгора врз јаболката сипете суво грозје претходно 15-тина минути натопено во вода со малку рум. Рамномерно распоредете десет лажици шеќер, две лажички цимет и 50 г рендан путер (или исечкан на тенки ленти).

Ставете да се пече 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Посебно изматете пет белки, па додајте 9 лажици шеќер и продолжете со матење додека да добиете цврст снег. Во белките додајте 5 жолчки (една по една), изматете, па 100 мл масло и на крај 100 мл млеко.

Во добиената смеса додајте 8 лажици брашно и една кесичка прашок за печиво, па со лажица или шпатула полека промешајте и изедначете додека да добиете изедначена, компактна смеса без грутчиња.

Смесата излејте ја преку печените јаболка и израмнете. Продолжете со печење уште 20 минути.

Потоа тепсијата одозгора обложете ја со алуминиумска фолија и продолжете со печење уште 20 минути.

Печениот колач превртете го врз тацната за послужување. Во 200 мл вода изматете две шлаг пени и декорирајте го колачот одозгора.

Наросете со ореви и ставете го во фрижидер добро да излади. Деталите можете да ги погледнете во видеото: