Потребни состојки:

3 средно големи тиквички 

150 г кашкавал (или моцарела) 

сол, оригано, црн пипер и мирудии по желба 

1 лажица павлака 

2 јајца

За бешамелот: 

3 лажици масло 

25 г путер 

2 чешниња лук 

500 мл млеко 

3 лажици брашно 

2 мали лажички сол 

1/2 лажичка мускатно оревче

Постапка:

Заочнете со приготвување на бешамел сосот. На средно загреано масло и путер пропржете го исечканиот лук.

Штом почне да добива боја, додадете го брашното и млекото, мешајќи постојано и водејќи сметка да не стане премногу густо.

Посолете и додадете го мускатното оревче. Од бешамел сосот одвојте 3 лажици кои ќе ви бидат потребни подоцна.

Тиквичките измијте ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Намастете ја тепсијата за печење, па почнете да ги редите тиквичките.

Врз секој ред тикички додавајте бешамел сос, малку оригано и рендан кашкавал (или тенко исечкана моцарела).

Завршете со ред тиквички, и одозгора наросете малку сол. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.

После дваесеттина минути печење, тиквичките прелијте ги со смеса од изматен бешамел сос со павлака, јајца, сол и црн пипер. Вратете ги во рерната и оставете да се потпечат уште 10 минути.