Превкусни колачиња, се топат во уста…Ги правам за секој ден, но и за празници…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г путер на собна Т
100 г шеќер
1 јајце + 1 жолчка (белката сочувајте за подоцна)
50 г мелени бадеми (ореви, лшници, кикирики…)
290 г брашно
60 г чоколадо за готвење
ПОСТАПКА:
Со жица соединете ги путерот, шеќерот, 1 цело јајце и 1 жолчка. Додајте мелени бадеми и брашно, па замесете со рака додека да добиете фино компактно тесто кое лесно се обликува со рака.
Правете топчиња, потопувајте ги од едната страна во белка, а потоа во мелени бадеми и редете ги во плех обложен со хартија. Печете ги 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
Кога ќе се оладат спојувајте ги по две со растопено чоколадо. Одозгора посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
СИТНИ КОКОС КОЛАЧИ…Со години ги правам, многу едноставни, мирисаат до моите соседи…