Синдромот полицистични јајници е најчеста хормонска болест кај жените и главна причина за неплодност. Се проценува дека од 5 до 10% од плодните жени боледуваат од оваа болест, иако таа е погрешно дијагностицирана.
Карактеристика за оваа болест е создавање на многу цисти во кората на јајникот кои го спречуваат создавањето на хормони, а со тоа предизвикуваат претерана секреција на машкиот хормон тестостерон.
Покрај ретката менструација, неплодност, депресија, зголемена влакнатост, дебелина, опаѓање на косата, масна кожа и акни, синдормот може да го зголеми ризикот од појава на дијабетес тип 2 или болести на крвните садови, тврдат експертите.
Во повеќето случаи, јајниците се зголемени а цистите се откриваат со ултразвук. Точната причина за појава на синдромот не е сигурен, иако лекарите ја истакнуваат отпорноста на инсулин, малите воспаленија и генетиката.
Бидејќи синдромот на полицистични јајници предизвикува често изостанување на овулација, тоа е и главна причина за неплодност кај жените.
Симптомите се јавуваат за време пубертетот и вклучуваат нередовни менструации, претерана влакнатост, дебелина и акни. „Со време, жените бараат лекарска помош поради симптомите, но лекарите им велат дека се предебели и не ги сфаќаат сериозно“- тврди Андреа Дунаиф, докторка во болницата Northwestern Memorial.
Според неа, жените во просек посетуваат четири лекари пред да им биде поставена вистинска дијагноза.
Еве ги знаците:
Од голема важност е навремено да се препознаат знаците на предупредување, со цел да се спречат сериозни последици:
-Честа потреба за мокрење или отежнато мокрење
-Абнормално крвавење или болна менструација
-Болка за време на сексуален однос
-Гадење или повраќање
-Зголемување на телесната тежина
-Губење на апетитот или брзо чувство на исполнетост
-Тапа болка во долниот дел на грбот
-Болка или надуеност во стомакот
Понекогаш може да се јават и други знаци на предупредување, како што се екстремен замор или промени во работата на цревата. Исто така, треба да го посетите вашиот лекар во случај да се доживеете крвавење во пост-менопауза.
Со цел да се спречат ваквите проблеми, треба да се води дневник и да ги забележувате сите знаци. Постојат билки кои многу помагаат во ваков случај:
Див бибер (Vitex agnus-castus)
Оваа билка е исклучително моќна, со чија помош може да се третираат речиси сите видови на гинеколошки проблеми.
Го контролира менструален циклус, ги ублажува болките во карлица, ги намалува цистите на јајниците и го спречува нивното настанување. Дивиот бибер е особено ефикасен за регулирање на хормоналната рамнотежа.
Сладок корен
Слаткиот корен многу ефикасно го балансира нивото на хормоните и има силни лековити својства. Исклучително е корисен и претставува еден од најбезбедните природни лекови за третирање на цисти на јајниците.
Се вари сладок корен околу пет минути во вода, па се остава околу 5-6 минути да излади. Потоа се процедува и се консумира двапати дневно.