Прекрасни, меки пленки со младо кромитче, шунка и сирење, одлични печива за појадок, како додаток за ручек или како солена закуска.
Потребни состојки за 8 парчиња: 300 г брашно, 1 јајце, ½ кесичка квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 30 г растопен путер и 150 мл млако млеко
Останато: 100 г сирење (моцарела или слично), 100 г шунка по желба, 3-4 млади кромитчиња, малку сол. За премачкување: 1 жолчка
Постапка: Во еден сад ставете ги сувите состојки заедно со квасецот. Во тенџерче ставете го путерот да се растопи, да додајте го млекото (таман ќе биде млако колку што треба), па излејте го во сувите состојки и најпосле додајте го јајцето.
Измешајте во мазно тесто а по потреба додајте уште брашно. Покријте со проѕирна фолија па оставете да отстои половина час на топло место (може да ја загреете рерната на 50 степени, па тестото внатре побрзо ферментира).
Стасаното тесто ставете го на работна побрашнета површина. Поделете го на 8 дела. Секој дел развлечете го во долга лента, па секоја лента поделете ја на три дела, поврзани на врвот.
Од лентата исплетете плетенка и редете во обложен плех со хартија за печење, вратете во рерна и оставете уште 15 минути да го зголемат волуменот.
Премачкајте ги со жолчка, посипете ги со сечкан кромид, сирење и шунка. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. Рецепт на Муцика.