Одлични погачаци кои додека ги печете целата куќа ви мириса прекрасно. Меки се како памук, а вкусот е неодолив. Она што е одлично кај ова печиво, е тоа што се приготвува за многу брзо време, па можете да ги приготвувате секојпат кога ви се пријадат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г меко брашно, 125 г путер, 1 јајце, 1 шолја од 200 г ситно сирење, 100 г фета сирење, 3 лажици цврст јогурт, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 лажичка ѓумбир во прав, неколку ливчиња свежо нане, 1 китка свеж магдонос. За премачкување: 1 жолчка, малку масло, сусам по желба




ПОСТАПКА: Путерот исечкајте на листови во еден подлабок сад и оставете го да омекне на собна температура. Потоа измешајте го со виљушка, па додајте го сирењето и заедно соединете ги да се изедначи смесата.




Една по една додавајте ги сите состојки, па на крај постепено додавајте го и брашното помешано со прашокот за печиво. Додека можете мешајте со лажица или шпатула, а на крај замесете го тестото со рака. Тестото е меко и ровко, но лесно се моделира.




Од него кинете мали парчиња и со помош на дланките формирајте топчиња со големина на пинг понг топчиња или малку поголеми, по ваш избор. Топчињата редете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.




Одозгора премачкајте ги со изматена жолчка и наросете ги со сусам, ким, семки или нешто по ваш избор. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, или малку подолго, додека да заруменат. Многу се вкусни и убави. / Вукица / Сооlinarika. Следниот рецепт е за брзи јогуртни погачици со фил од сирење:




Потребни состојки: 400 мл јогурт, 150-160 мл масло, 1 прашок за печиво (12 г), 2 рамни лажички сол, 5 чаши (од 200 мл) брашно. За фил: 150 г сирење, 1 белка, 1 жолчка+малку јогурт за премачкување и сусам за наросување




Постапка: во подлабок сад измешајте 400 мл јогурт на собна температура, 150-160 мл масло и една кесичка прашок за печиво. Соединете ги состојките. Додајте 2 лажички сол и 5 чаши брашно. Брашното додавајте го постепено.




Цело време мешајте со лажица додека можете, а на крај тестото замесете го со рака. Ќе добиете убаво мазно тесто. На страна во посебен сад иситнете го сирењето (150 г) и измешајте го со една белка од јајце. Соединете ги состојките. Тестото поделете го на 15-16 делови и од секој дел со помош на дланките формирајте топче.




Малку сплескајте го топчето, филувајте го со сирење и повторно затворете го во топче. Погачите редете ги во плех обложен со хартија. Одозгора премачкјате ги со мешавина од изматена жолчка и малку јогурт.




По желба наросете сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

брзи погачици / II рецепт
погачици со сирење / Вукица
погачици со сирење / Вукица
погачици со сирење / Вукица
погачици со сирење / Вукица
погачици со сирење / Вукица