Еве уште еден посен колач со бисквити и кокос, погоден за посни слави славски трпези.

Потребни состојки:

300 г шеќер
200 мл вода
250 г маргарин
300 г мелени посни бисквити
100 г кокос

За глазура:

100 г бело посно чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

1.Шеќерот и водата ставете ги во мало тенџере, па кога ќе проврие варете уште 3-4 минути. Додајте го маргаринот и мешајте додека да се растопи.

2.Потоа додајте ги мелените бисквити и кокосовите снегулки, па убаво промешајте додека сите состојки да се изедначат.

3.Добиената смеса излејте ја во плех (приближно 40х30 см) обложен со фолија и оставете да се стегне. Од половина од оваа смеса можете да направите топчиња и да ги валате во мелени бисквити или кокос, на пример.

4.На пареа растопете го чоколадото со масло, па прелијте ја бајадерата. Кога ќе се стегне исечете ја на штангли.

5.Бајадерата можете да ја прелиете и со бел фондан направен од шеќер во прав и малку вода.

Совет: ако ви се чини дека смесата не е доволно густа, додајте уште мелени бисквити.