Солен, а многу вкусен ролат со готови кори, пробајте, ќе бидете воодушевени од вкусот. Овој фил е со пржени печурки и малку шунка и кашкавал, но секако, филот секогап можете да го приготвувате и менувате по сопствен вкус. Ролатот можете да го послужите за појадок или вечера, но исто така и како предјадење – Кристина.
Потребни состојки: 500 г печурки шампињони, 400 г шунка, 3 парчиња леб, 1 главица кромид, 200 г кашкавал (гауда), магдонос, мешан зачин, црн пипер, 3 јајца, за премачкување на ролатите јајце изматено со малку павлака и готови кори за пита.
Постапка: исечкајте го кромидот ситно и запржете го, да додајте ги сечканите шампињони. Додајте ја и шунката исечкана на лентички или коцки. Динстајте додека да омекнат печурките и да испари течноста која ја испуштиле. Тргнете на страна да излади.
Во изладените печурки додајте рендан кашкавал, а количински може да додадете по ваша желба. Три парчиња леб натопете ги во вода или млеко, па извадете ја средината и издробена додајте ја смесата. Додајте три јајце, ситно сечкан магдонос и зачини по желба.
Добро измешајте, рамномерно да се распоредат состојките. Отворете ги корите. Една кора премачкјате ја со малку масло, па врз неа ставете втора кора. И неа малку наросете ја со масло и ставете фил. Свиткајте во ролат и ставете во плех обложен со хартија.
Постапката повторете ја додека да ви се потрошат состојките. Ролатите одозгора премачкајте ги со изматени јајца во кои сте додале малку павлака. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени и печете додека питата убаво да зарумени. / Кристина / Сооlinarika.com
Брза излеана пита со спанаќ: Се меша, се излева и се пече – брзо и вкусно!
Солено печиво со спанаќ, брзо се приготвува а вкусот му е фантастичен! Може да се приготвува за појадок или вечера, а може да го замени и главниот оброк. Многу лесно се приготвува, па кога немате многу време, а ви се јаде нешто вкусно, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас – Верче Илиоска. Еве што ќе ви биде потребно.
Потребни состојки: 4 јајца, ½ лажичка сол, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 10 лажици брашно, 10 лажици палента, 1 прашок за печиво, 200-250 г сирење и 150-200 г исчистен спанаќ свеж, не обарен. Наместо спанаќ може да додадете блитва, зеље или нешто друго што имате.
Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додајте масло и продолжете со матење. Потоа додајте јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, палента, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата.
На крај го додаваме спанаќот претходно измиен и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе. Спанаќот нема потреба да го бланширате претходно, ниту да го варите, доволно е добро да го измиете, да ги исечкате и со малку сол да го истискате со рацете за да омекне уште повеќе.
Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење. Печеме во претходно добро загреана рерна на 180 степени околу 40 минути или додека да зарумени, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака. / Верче Илиоска / coolinarika.com
Ручек или вечера – за половина час на маса!
Потребни состојки: 16 кори за пита. За премачкување на корите: 4 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво. За филување: 1 ½ чаша павлака, 4 лажици ајвар, по желба сувомеснато
Постапка: земете го најголемиот плех од рерна, премачкајте го или обложете го со хартија за печење, одвојте 16 кори. Ставете ја првата кора преку целиот плех и премачкајте ја со четка со смесата од изматени јајца, јогурт, масло, сол и прашок за печиво.
Ставете ја втората кора, па и неа премачкајте ја, и така наредете ги сите кори и сите премачкајте ги. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога ќе ги извадите корите од рерна, прекријте го плехот со мокра крпа за да омекнат малку краевите.
Потоа ќе можете да ја свиткате во ролат. И така, уште додека кората е во плех и се лади, свиткајте ја во ролат, па одвиткајте ја и премачкајте ја со павлака и рендани сувомеснати производи по желба, а можете и ајвар бидејќи сега му е сезона. Свиткајте и тоа е тоа. Поубаво се сече кога ќе излади. Превкусна и декоративна за сите пригоди. сoolinarika.com