УХМР со најнови детали: утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 1 до 8 степени.




Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени. Во текот на неделата следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во петок и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.




Во петок променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има повремен локален снег.




Во сабота Променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.




– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.




Претпладнево особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени – вели познатиот метео прогнозер Славчо Попоски.




Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.




Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.




Услови за повремени слаби локални врнежи од снег ќе има за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.