Пред пржење, извалајте ја рибата во оваа состојка, не во брашно: кората ќе и биде покрцкава, а месото внатре сочно и нема да впие ни капка масло…Со едноставни трикови, т.е. состојки и ќе добиете крцкава риба која не се распаѓа, а притоа иако сте ја пржеле во масло, таа нема да биде масна.

Овој совет го сподели и искусен рибар кој секојдневно времето го поминувал ловејќи речни риби. Но, не се состои во техниката само во ловеќето, туку постапката понатаму продолжува во чистење на заловената риба, а секако и нејзино подготвување.

Иако оваа техника главно ја користи на речна риба, таа може да се примени и на морска риба.

„Пред да почнете да ја пржите рибата, посолете ја и потоа премачкајте ја со пченкарен скроб (нишесте или густин). Ќе се создаде заштитен слој кој спречува да го апсорбира вишокот масло.

Пржете ја рибата во врелото масло, па кога ќе зарумени од едната страна, превртете ја и пржете ја и од другата страна. врз секоја од рибите сипете една до две лажици оцет или лимонов сок.

Не само што кората ќе биде покрцкава, туку и ќе има подобар вкус и побогата арома. По желба во маслото каде ќе ја пржите рибата можете да додадете парчиња исечен лимон, сечкан лук и рузмарин“, советува овој рибар. Еве го и рецептот:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг риба по избор
200 г скроб/нишесте/густин
3 лажички сол
1 лажичка црн пипер во прав
1 лажичка лук во прав
други зачини по ваш избор
лимонов сок по желба за полевање на рибата
масло за пржење

ПОСТАПКА:

Исечете ја рибата на парчиња, посолете ја како и обично и оставете ја во фрижидер. Ова е најдобро да се прави еден ден претходно, но може да се направи и неколку часа пред пржење.

Ставете го скробот во сад, додајте една кафена лажичка сол, а потоа црн пипер, лук во прав и други зачини по избор. Сè добро соединете.

Во длабок сад сипете го маслото, поголема количина за да „плива“ рибата во него, па добро загрејте го, нешто пониско од највисоката температура.

Извадете ја рибата од фрижидер, па секое парче убаво извалајте го во смесата со скроб и спуштете ја во врелото масло. По потреба неколку пати превртете ја рибата, за да се испржи рамномерно од сите страни.

Послужете ја пржената риба со компири или друга салата која одлично оди со овој специјалитет. Уживајте во вкусот на рибата.