Пред секој Божиќ, луѓето ги чистат и украсуваат своите домови. Покрај физичката чистота, треба да ја отстраниме и нечистотијата од нашето срце и душа.
Отстранете ја сета горчина од вашите срца, отстранете ја омразата, бесот, љубомората и себичноста.
Избришете ги негативните ставови како што се предрасуди, критиски, лаги, клеветења…
Исчистете ги прозорите, но исто така и погледот, така да можете да ги видите луѓето околу вас.
Обратете внимание на своите чувства и потреби.
Пополнете ги вашите срца со љубов, нежност, почит и сочувство.
ТРИ ЖИВОТНИ МИНИ ЛЕКЦИИ
1.Еден ден ќе сфатите…
Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат, но претходно мора да поминете низ многу предавства и разочарувања…
Па така, еден ден ќе разберете дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа, сè што е надворешно – трае до првиот дожд. Тоа што е внатре – вечно гори, па дури и ако се изгаси до најмали пламенчиња. Но, доволно е малку му дувнете воздух а тоа да пламне и бликне за да ве згрее.
Еден ден ќе сфатите дека многу изјави, цитати, афоризми, кои сте ги наслушнале во надворешниот свет – тоа се само празен, иако убав збир од зборови – но ништо повеќе од тоа. Важни се само вистините, оние кои сами сте ги спознале.
Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, љубовта и грижата – се одлики на внатрешна сила, а не слабост.
2.Вештина…
Еден фотограф отишол кај дамата на вечера. Кога ги видела неговите фотографии, таа рекла:
-Колку се прекрасни! Веројатно поседувате добар фотоапарат?
Фотографот премолчел. Но подоцна, кога си заминувал, и’ рекол:
-Ви благодарам. Вечерата беше многу вкусна. Веројатно имате многу добри тенџериња.
3.Силата на ситниците…
Што ќе се случи ако жабата одеднаш се најде во лонец со врела вода? Веднаш ќе помисли:
“Овде е неподносливо, треба што побрзо да избегам од овде” – и во истиот момент ќе скокне.
А што ќе се случи доколку жабата ја ставите во лонец со ладна вода, а потоа постепено ја загревате? Жабата ќе се опушти. Таа сигурно ќе забележи дека станува потопло, но ќе си помисли: “Малку топлина не може да ми наштети”. Но, на крајот ќе заврши сварена.
Наравоучение: Многу работи во животот незабележливо се натрупуваат: Долгови, вишок килограми, лошо здравје, знаење, благосотојба. Запамтете дека не смеете да ги потценувате ситниците.