Време е за една погача која откако еднаш ќе ја направите, сигурна сум дека ќе заземе редовно место на вашата празнична трпеза, бидејќи многу лесно се приготвува, а многу е вкусна. Раскошниот изглед на оваа погача не дозволува да ја наречете никако поинаку, освен празнична. Рецепт на Јелена Петровиќ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл јогурт (на собна температура), 150 мл млако млеко, 70 г путер или маргарин, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 600-700 г брашно, 15 г квасец (1 1/2 кесичка сув квасец), 50 мл масло, 3 јајца (на собна температура)
ПОСТАПКА: Во подлабок сад растворете го квасецот во малку млако млеко и една лажица шеќер, па промешајте и оставете 5-10 минути на топло место за да се активира и запени. Потоа започнете една по една да ги додавате сите состојки.
Остатокот од млекото и јогуртот може да ги измешате, бидејќи јогуртот не смее да биде ладен кога се замесува тестото. Додајте го маслото и јајцата (исто така, на собна температура), па добро измешајте за да се изедначат сите течни состојки.
Потоа започнете постепено да додавате брашно и малку сол, па мешајте со лажица или шпатула додека да добиете убаво изедначено тесто. На крај доработете го тестото со рака. Тоа и натаму ќе остане средно меко и сосем малку лепливо, но такво треба да биде.
Покријте го во садот во кој го замесивте со замесивте (со проѕирна стреч фолија, крпа или калап) и оставете го да стасува на топло место додека да го удвои својот волумен, за што ќе му бидат потребни 30-40 минути (во зависност од температурата на просторијата).
Стасаното тесто истресете го врз малку набрашнета работна површина, па со помош на оклагија развлечете го во правоаголна кора со дебелина од половина центиметар. Преку целата површина премачкајате го тестото во тенок слој со путер или маргарин, па сечете на поголеми правоаголници или коцки.
Секоја коцка во внатрешната страна засечете ја на тенки ленти, па виткајте ги во ролнички и редете ги во тепсија или калап за торти со флексибилен обрач, обложен со хартија.
Редете ги во круг додека да се исполни цела тепсија. Покријте ја и оставете ја убаво да стаса, а потоа премачкјате ја со разматено јајце (или жолчка со малку млеко или масло), и наросете сусам и семки по желба.
Ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени, па веднаш намалете на 180 степени. На половина од печењето одозгора прекријте ја со фолија, а вкупно печете околу 40 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.